Author: Соња Крамарска

„Се уште е иницијатива во зародиш, се уште нема ниту еден пишуван документ, но според тоа што го кажуваат сите чинители кои се во зародишот на оваа идеја тоа не е алтернатива на пристапниот процес во кој што земјите од Западен Балкан се движат 20 години , туку нова иницијатива за политичка конвергенција на континентот во ЕУ без притоа да влијае или да биде замена на тоа што го имаме тука“, рече денес шефот на дипломатијата Бујар Османи во врска со идејата на францускиот претседател Макрон за Европска политичка заедница, која на Западен Балкан е дочекана со недоверба затоа што…

Read More

Борис Бекер е префрлен во затвор кој се користи за притворање странски криминалци, што укажува дека ќе биде депортиран од Велика Британија на крајот на казната. Според Тајмс, адвокатот на Бекер им рекол на новинарите во Берлин дека тој бил префрлен во затворот Хантеркомб во Оксфордшир. Поранешниот светски тенисер број 1 беше однесен во затворот Вандсворт, затвор од Б категорија, откако беше затворен на две и пол години бидејќи прикрил имот од 3  милиони евра за да избегне да ги плати парите што ги должи по неговиот банкрот. Бекер (54) живее во Велика Британија од 2012 година, но нема британско…

Read More

Бугарската православна црква ќе мора да ја признае македонската како една од многуте православни цркви во светот, а не како единствената со која има директно заедничко историско минато, изјави за Бугарското национално радио црковниот аналитичар и историчар д-р Горан Благоев. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Благоев, шансите за тоа се пропуштени. Тој оценува дека речиси никој во православниот свет нема да биде импресиониран од претензиите на Бугарија за името Охридска архиепископија. Благоев смета дека во последните години Бугарската православна црква се покажала со многу низок авторитет  во семејството на православните цркви. И, ако Светиот синод на…

Read More

Најмалку 76 лица се водат како исчезнати, откако се преврте брод со мигранти во близина на брегот на Тунис, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција. Се додава дека 24 лица се спасени од бродот, што испловил од брегот на плажите на Завара во Либија и потонал крај брегот на Сфакс во Тунис, јавија британски медиуми. Изминатите месеци, десетици луѓе се удавија во близина на брегот на Тунис, бидејќи се зголемува бројот на мигранти, кои се обидуваат да дојдат од Тунис и Либија, во Италија. (МИА)

Read More

Украинскиот суд донесе одлука и нареди апсење на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, обвинувајќи го за предавство. Јанукович беше претседател на Украина од февруари 2010 до февруари 2014 година, по што побегна во Русија, со која тесно соработуваше и во време кога беше прв човек на Украина. Претходно Јанукович беше осуден на 13 години затвор за предавство, поради блиска соработка со рускиот претседател Владимир Путин, од кого побара руската армија и полиција да воспостават ред во Украина. Овојпат тој е обвинет за предавство поради договорот што го потпиша во 2010 година, а кој беше поврзан со продолжување на руската контрола врз…

Read More

Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање. Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија. „Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на…

Read More

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов, пренесе порталот Религија.мк. „Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок“, рече Балашов за ТАСС во врска со вчерашното обзнанување на српскиот патријарх…

Read More

Полскиот претседател Анджеј Дуда обвини дека Берлин не успеал да испорача модерни тенкови „Леопард“ во Варшава во замена за полски тенкови испратени во Украина. Тој вели дека германската влада го прекршила договорот за снабдување на Варшава со нови тенкови како компензација за нивната испорака на тенкови од советската ера во Украина. Германскиот канцелар Олаф Шолц минатиот месец ја воведе таканаречената „Рингтауш“, шема на замена според која источните партнери на НАТО ќе ја снабдуваат украинската армија со тенкови од советската ера Т-72 во замена за модерни западни тенкови од германски производители, како на пример „Леопардот“. Шолц и германските власти тврдат дека овој…

Read More

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со премиерот Димитар Ковачевски. Дендиас ќе присуствува на работна вечера што ја приредуваат Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на целосна и доследна имплементација на Преспанскиот договор, натамошно зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и трговијата, економијата, енергетиката и европската перспектива на Северна Македонија. Се очекува да се разговара и за настаните во Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и за ситуацијата во…

Read More

Деветнаесет мали деца и двајца возрасни загинаа во пукање во основно училиште во јужен Тексас. 18-годишниот напаѓач отвори оган во основното училиште Роб Елементари во градот Увалде пред да биде убиен од органите на редот, соопштија официјални лица. Инспекторите велат дека осомничениот бил вооружен со пиштол, полуавтоматска пушка АР-15 и муниција со голем капацитет. Тинејџерот е осомничен дека ја застрелал својата баба на почетокот на дивеењето. Локалните медиуми јавуваат дека тој можеби бил средношколец во областа. Началникот на полицијата округ Увалде, Пит Аредондо, рече дека пукањето започнало во вторникот синоќа во 11.35 часот по локално време и дека истражителите веруваат дека…

Read More

По повод признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со честитка се огласи и групата од осумте пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои во 2018 година гласаа за уставните промени, односно за промена на уставното име на земјава, од каде посочуваат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат заслуги за она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вреди секоја жртва. Оттаму ја честитаат одлуката за автокефалност на МПЦ-ОА и велат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за…

Read More

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија наскоро ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан без дополнителни административни бариери. Издавањето на првите идентификациски картички, кои ќе овозможат слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан се очекува за време на Самитот Отворен Балкан што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид, најави Ненад Ѓурѓевиќ, советник во Стопанската комора на Србија (ПКС), на панелот „Ветрови на балканските промени – како го менуваме нашиот регион“ во рамки на форумот Отворен Балкан што го одржува организацијата „Лимбек“, јави дописиникот на МИА од…

Read More