Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека ja поддржува регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. Тој за приштинската телевизија Кљан Косова изјави дека „Отворен Балкан“ е дизајниран да опфати шест земји од Западен Балкан. „Отворен Балкан е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја“- рече Абазовиќ во интервјуто. Црна Гора, претходно одби да учествува во иницијативата, но новиот премиер, со поддршката на „Отворен Балкан“ навести во која насока би можеле да се движат економската и трговската политика на новата…
Денеска, ќе се одржи судско рочиште од тужбата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска против пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски. Арсовска го тужи Каевски за неговите наводи изнесени на прес – конференција дека таа должи 54 илјади евра за неплатени сметки за струја, долг кој наводно го направила преку нејзини приватни фирми. „Не само што информациите изнесени на прес-конференцијата не се точни туку се и политичка конструкција, поради што ќе поднесам тужба за клевета против Дарко Каевски“, изјави тогаш Арсовска. Прес-конференцијата беше одржана на 13 октомври 2021 година, четири дена пред одржувањето на првиот круг од локалните избори…
Откако стигнаа безброј предупредувања дека ќе снема полупроводници, алуминиум, челик, магнезиум, кои се основни суровини за каблите што се користат при склопувањето на возилата, сега има најава за недостиг од автомобилски гуми, пишува германски Шпигел. Имено, поради тешкотиите во набавката на саѓи, предизвикани од војната во Украина, на Европа и се заканува недостиг на автомобилски гуми. Избувнувањето на војната во Украина индиректно доведе до овој проблем бидејќи саѓите за производство на гуми се добиваат со преработка на фосилни горива. Саѓите се една од виталните суровини во многу индустрии, вклучително и за производството на батерии, акумулатори и автомобилски гуми. Притоа околу…
Министерот за надворешни работи и меѓународни односи на Австрија Александар Шаленберг денеска навести дека идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница (ЕПЗ), добива сериозен третман во ЕУ, и испрати порака до Северна Македонија дека Австрија стои зад отворање почеток на преговори и дека работи на тоа тие да почнат пред почетокот на летните одмори, но и нагласи дека „на младите треба да им се покаже дека иднината им е во ЕУ меѓутоа не треба да се чека да заврши тој долг процес“. Неговиот домаќин, меѓутоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи, категорично изјави дека Северна Македонија во…
Денеска на седум годишнината од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље”, во Брвеница беше откриена спомен биста на Жарко Кузмановски, загинатиот припадник на САЕ „Тигар“. Во дворот на црквата „Св. Атанасиј“ во неговото родното место, се одржа комеморативен собир, на кој освен членови на неговото семејство, колеги од САЕ „Тигар“, почит му оддадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и државнaта секретарка, Магдалена Несторовска. Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека Жарко Кузмановски со неговата трагична смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужи своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои…
Македонија забрзано се подготвува за стратешкиот дијалог со САД закажан за 2 јуни – најави шефот на дипломатијата Бујар Османи. Информациите за средбите во Вашингтон, Османи им ги откри на новинарите во саботата на 7 мај, датум кога пред 14 години беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД. Тоа, пак, што пропушти да каже министерот а е од големо значење е дека стратешкото партнерство со САД во 2008 година беше воспоставено за да се намали штетата по неуспехот во Букурешт, кога нашата земја во последна минута беше изоставена од групата држави кои влегоа во НАТО. Освен за…
Денот на победата за првпат помина без воените авиони на небото на Црвениот плоштад во Москва. Планираните воздушни шоуа за Денот на победата беа откажани на локации низ Русија, вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург и јужниот град Ростов на Дон, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Одлуката ги зачуди странските воени аналитичари кои ја следеа парадата на Денот на победата во Москва. На парадата се очекуваше да бидат прикажани 77 авиони со лет над Црвениот плоштад во главниот град, вклучително и осум ловци МиГ-29 кои летаат во формација „З“ за да покажат поддршка за руските трупи кои се борат во Украина.…
„Резервите на гас на Црното Море се доволни за покривање на светската побарувачка за природен гас во период од 45 години“, изјави заменик-претседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), поранешниот премиер Бинали Јилдирим. „Резервите на природен гас во Црното Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почеток, ќе откриваме гас и понатаму. Црното Море може да ги покрие потребите за гас во светот за 45 години“, рече Јилдирим, пренесува турскиот портал „Созџу“. Турските власти објавија во 2020 година дека во Црното Море се откриени големи резерви на гас.Залихите на најголемиот депозит Сакарија тогаш…
На московскиот Црвен плоштад започна воедната парада по повод 77 години од победата над нацистичка Германија. Свое обраќање пред присутните имаше рускиот претседател Владимир Путин. „Наша должност е да го чуваме споменот на оние поради кои сме победници и да не повториме глобална војна. Во претходните години се обидовме да ги одржиме мировните договори, но тие не сакаа да не слушаат. Тие имаа сосема друг план, сега го гледаме. НАТО активно оди кон нашата територија, тое е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за специјална воена операција беше единствената правилна“, рече Путин. Путин зборуваше и…
Европската комисија предложи ревидиран план за санкционирање на профитабилната нафтена индустрија на Владимир Путин, за да им даде на некои земји во блокот повеќе време да се подготват за живот без увоз на руски гориво. Според плановите што се изнесени денес пред дипломатите, Унгарија и Словачка ќе добијат одлагање до крајот на 2024 година – што е една година повеќе од првичниот план за да се прилагодат на забраната. Чешката Република, која исто така изрази загриженост за временската рамка предложена од Урсула фон дер Лајен, ќе има рок до крајот на јуни 2024 година, според најновиот нацрт текст на Комисијата.…
Руските сили „мора да се соочат со правдата за серија воени злосторства“ извршени во регионот северозападно од Киев, соопшти денеска Амнести интернешнал на брифинг за новинари во украинскиот главен град по истрагата што ја спроведе во земјата. Истрагата, заснована на „десетици интервјуа и опсежен преглед на материјални докази“, документира „незаконски воздушни напади врз Бородјанка и вонсудски егзекуции во други градови и села, вклучувајќи ги Буча, Андриевка, Здвиживка и Ворзел“. Делегација на Амнести интернешнал разговараше со преживеаните, семејствата на жртвите и високи украински функционери, соопшти организацијата. „Моделот на злосторства извршени од руските сили што ги документиравме вклучува и незаконски напади и…
Лидерите на групата Г-7 во недела ќе одржат видео-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави портпаролката на германската влада. „Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ја одржи третата видео-конференција од почетокот на годината со своите партнери од Г-7“, изјави Кристијане Хофман за новинарите на редовниот брифинг со новинарите во Берлин. Германија во моментов претседава со Г-7. Хофман понатаму рече дека 8 мај е „историски датум кој го означува крајот на Втората светска војна во Европа“. „Ќе ги опфатиме актуелните прашања, особено ситуацијата во Украина. Украинскиот претседател Зеленски ќе учествува и ќе известува за моменталната ситуација во неговата земја“, рече портпаролката. Германскиот канцелар, исто…