Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војната во Украина ќе доведе и до недостиг на автомобилски гуми

0
By Соња Крамарска on May 10, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 10, 2022 15:03

Откако стигнаа безброј предупредувања дека ќе снема полупроводници, алуминиум, челик, магнезиум, кои се основни суровини за каблите што се користат при склопувањето на возилата, сега има најава за недостиг од автомобилски гуми, пишува германски Шпигел. Имено, поради тешкотиите во набавката на саѓи, предизвикани од војната во Украина, на Европа и се заканува недостиг на автомобилски гуми.

Избувнувањето на војната во Украина индиректно доведе до овој проблем бидејќи саѓите за производство на гуми се добиваат со преработка на фосилни горива. Саѓите се една од виталните суровини во многу индустрии, вклучително и за производството на батерии, акумулатори и автомобилски гуми. Притоа околу 60 отсто од саѓите што ги троши германската индустрија, која е и главен производител на автомобили на континентот, потекнува од Руската Федерација. Со оглед на тоа што трговската размена и економската соработка меѓу двете земји се намалуваат поради војната, испораките на оваа суровина се прекинати, а во исто време се тенчат достапните залихи. Фактот дека Кина, Индија и Саудиска Арабија можат да ја снабдуваат Германија и другите западни земји со оваа суровина, тешко дека значи нешто, бидејќи е потребна околу една година за соодветно прилагодување во синџирот на снабдување.

Затоа и се очекува недостиг на гуми на пазарот, пред се поради недостигот на јаглерод во споменатата форма, што ќе се почувствува во следните неколку месеци. За тоа особено сведочат извештаите дека европските производители на гуми ги намалуваат плановите за производство за 2022 година.

автомобилски гуми Војна во Украина недостиг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.