Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за бугарската телевизија Нова рече дека Бугарија треба да го помести ветото за Северна Македонија до моментот кога ќе се отвори првото поглавје од преговорите на нашата земја со ЕУ, а претходно двете земји да склучат договор кој ќе биде гарантиран од ЕУ и во кој ќе стои дека Бугарите во нашата земја ќе станат дел од Уставот. „Мора да го поместиме ветото за почеток на преговори на Северна Македонија. Промената на Уставот треба да се случи пред првото од многуте поглавја што треба да се отворат“, рече Петков. Тој потсети дека во…
Наближува датумот 28 април за кога судиите најавија предупредувачки штрајк, а од Владата нема реакција дали ќе им бидат исполнети барањата. Здружението на судии испрати писмо на почетокот на месецов до Владата дека ќе стапат во штрајк доколку не им бидат зголемени платите. „Здружението на судии бара да се усвојат во најкраток можен рок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите за најмалку 15 отсто, а исто така да бидат усвоени и измените на Законот за платите на судиите“, се вели во заклучоците кои беа испратени до министерот за правда Никола Тупанчески и до Владата. Во писмото…
Две лица загинаа во бомбардирањето во источниот град Попасна, изјави шефот на регионалната воена управа во Луганск, Серхи Хејдеј, кој ги обвини руските сили за гранатирање приватни домови. „Градот Попасна настрада најмногу“, рече Хејдеј за овој град кој се наоѓа во источниот украински регион Луганск. „Покрај уличните борби, руската армија постојано гранатира високи згради и приватни куќи. Вчера, мештаните издржаа пет непријателски артилериски напади. Сепак, не сите преживеаја. 66-годишен жител на Попасна почина, неговата сопруга беше повредена. Исто така, уште едно лице загина како резултат на гранатирање“, додаде тој. Хејдеј рече дека околу 30 луѓе биле евакуирани од блискиот град…
Вчера во 17.20 часот на улицата „Македонија“ во Скопје, полицијата од полициската станица Центар фати крадци чии иницијали се Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од деловна фирма. Тројцата биле приведени во полициска станица и при испрашувањето во целост ја признале кражбата икажале како ја извршиле. Кај крадците биле пронајдени украдените предмети. За случајот бил известен Јавен обвинител и по документирање на доказите против нив ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти полицијата. (Р.Н.)
Не треба да постои никаква загриженост во однос на стабилноста на курсот на денарот. Централната банка веќе повеќе од две децении успешно ја одржува стабилноста на домашната валута во однос на еврото, вклучително и во многу кризни епизоди, низ кои поминала земјата и економијата, вели во интервју за Гласот на Америка, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон. Во меѓувреме ММФ ги објави најновите проекции при што се забележува надолна корекција за очекувањата за економскиот резултат годинава кај сите земји, вклучително и за нашата економија. „Во…
Канцеларијата на Обединетите Нации за човекови права, со седиште во Женева, вели дека има се повеќе докази за воени злосторства извршени од руските сили обвинети за неселективно гранатирање и бомбардирање населени области, уништување болници, училишта и друга цивилна инфраструктура. Покрај неселективните напади и попречувањето на медицинска нега, има стотици извештаи за произволни убиства и сексуално насилство, откако Русија го започна својот напад пред речиси два месеци. Меѓународното хуманитарно право е суспендирано во Украина, а руската инвазија доведе до „ужасни приказни“ за кршење на човековите права, изјави Мишел Башелет, висок комесар на ОН за човекови права. „Нашата досегашна работа детално ја…
Струмичката полиција приведе 46-годишен жител на Муртино откако претходно во близина на место викано „Герено“ во атарот на селото откри импровизирано место за одгледување на марихуана. Притоа биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки е утврдено е дека саксиите се во сопственост на приведениот Ј.П. Извршен е и претрес во домот и други простории во сопственост на Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема…
Во рамки на посетата на Вашингтон и средбите со светските финансиски институции, министерот за финансии Фатмир Бесими, како што соопшти денеска неговата прес служба, имал средби со извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателката Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи. Од страна на Светска банка, на средбата била покрената иницијатива за доделување нови средства во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), со цел институционално зајакнување на општините и за проекти за заштита на животната средина, на што македонската делегација одговорила позитивно. Досега преку МСИП се…
Лидерите на Германија, Шпанија и Португалија јавно го поддржаа Емануел Макрон пред утрешниот втор круг од претседателските избори во Франција, повикувајќи ги француските гласачи да ги поддржат „слободата, демократијата и посилна Европа“ и да извлечат поуки од Брегзит. Во една крајно невообичаена интервенција на изборите во друга земја, Олаф Шолц, Педро Санчез и Антонио Коста рекоа во авторска колумна во водечкиот француски дневен весник Le Monde дека гласањето во вториот круг во Франција е „за нас, а не избори како сите други“. Иако по име не ги спомнаа Макрон или неговата екстремно десничарска ривалка Марин Ле Пен, германскиот канцелар од…
Според Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, за денеска е планирана колона за евакуација од опколениот југоисточен град во Украина, Мариупол. „Денеска во 11:00 часот (локално време) ќе започне евакуацијата на жителите на Мариупол во Запорожје, од трговскиот центар „Порт Сити“, рече тој на Телеграм. „Поаѓањето на колоната е предвидено во 12:00 часот на релација: Мариупол-Манхуш-Бердијанск-Токмак-Орихив-Запорожје“. Андриушченко рече дека приватните возила можат да се приклучат на колоната, но само жени, деца и постари лица ќе можат да се качат во автобуси. Официјални лица рекоа дека 100.000 цивили сè уште бараат евакуација од градот, кој е погоден од неколкунеделното руско…
По земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван во целиот регион, тлото се тресеше цела ноќ. Најтешко било во Столац, каде што паднала карпа врз куќата во која живеела загинатата девојка Елмира. Елмира Сефо (28) е единствената потврдена жртва на земјотресот. Таа починала откако во тешка состојба била донесена од Столац во Мостар. Според сведоштвата на мештаните, Елмира живеела во семејната куќа во населбата Кукавац со нејзините родители кои биле полесно повредени. Брзата помош ја пренела Елмира во болницата во Мостар, каде лекарите се обиделе да ја оживеат, но безуспешно. Повредите со кои се здобила биле…
Во среда навечер 15,6 милиони Французи ја проследија дебатата меѓу двајцата финалисти на француските претседателски избори Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Педантните соработници на двајцата кандидати уште пред дебатата се договорија за неколку златни правила. Беше утврдено температурата во студијот да биде 19 степени, двајцата противкандидати да бидат на далечина од 2,5 метри а новинарите Леа Саламе и Жил Було на 4.5 метри. Секој од кандидатите имаше на располагање по 90 секунди, а камерите не смееле да го снимаат кандидатот кога тој ги консултирал своите белешки. Дури и темите според редоследот беа однапред утврдени: куповната моќ, местото на Франција во светот, пензиите, имиграцијата, безбедноста и…