Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ужасни податоци за кршење на човековите права во Украина

0
By Соња Крамарска on April 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 23, 2022 11:47

Канцеларијата на Обединетите Нации за човекови права, со седиште во Женева, вели дека има се повеќе докази за воени злосторства извршени од руските сили обвинети за неселективно гранатирање и бомбардирање населени области, уништување болници, училишта и друга цивилна инфраструктура. Покрај неселективните напади и попречувањето на медицинска нега, има стотици извештаи за произволни убиства и сексуално насилство, откако Русија го започна својот напад пред речиси два месеци.

Меѓународното хуманитарно право е суспендирано во Украина, а руската инвазија доведе до „ужасни приказни“ за кршење на човековите права, изјави Мишел Башелет, висок комесар на ОН за човекови права. „Нашата досегашна работа детално ја покажа ужасната приказна за повредите нанесени на цивили“, рече таа.

Канцеларијата на ОН потврди 5.264 цивилни жртви – 2.345 убиени и 2.919 повредени – од почетокот на војната на 24 февруари. „Знаеме дека реалните бројки ќе бидат многу поголеми кога ќе излезат на виделина ужасите во областите на интензивни борби, како што е Мариупол“, вели Башелет. „Се појавуваат податоци за случајни егзекуции на цивили во областите окупирани од руските сили“, додаде таа, осврнувајќи се на добро документираниот масакр на жителите во киевското предградие Буча.

Притоа се наведуваат и 75 обвиненија за сексуално насилство врз жени, мажи и деца, главно во регионот на Киев поднесени до Канцеларијата на ОН.

Канцеларијата изброи и 114 потврдени напади врз медицински установи во Украина. Но, се претпоставува дека вистинскиот број е уште поголем.

Нападот на 8 април на железничката станица Краматорск, во кој касетна муниција уби 60 цивили, покажа дека се игнорираат принципите на меѓународното хуманитарно право, додаде Башелет.

Во меѓувреме, Андриј Небитов, началникот на полицијата во регионот на Киев, рече дека неговите сили откриле околу 1.000 тела откако руските сили се повлекле од градот. Новите сателитски снимки укажуваат на можна масовна гробница надвор од Мариупол. (од новинските агенции)

воени злосторства Обединети нации Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.