Author: Соња Крамарска

Речиси две третини од видовите на кактуси ќе бидат изложени на помалку гостоприемливи клими во следните децении, бидејќи глобалното затоплување ќе се интензивира, според новото истражување кое е спротивно на вообичаеното верување дека овие пустински растенија ќе напредуваат кога ќе биде потопло. До 2070 година, повеќето видови кактуси би можеле да исчезнат поради климатските промени и тоа три пати повеќе отколку сега, истакнуваат научниците во написот објавен во списанието Nature Plants. Речиси 1.500 видови кактуси кои се раширени низ светот живеат во различни клими, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми. Главна…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е важно да се спречи ширењето на војната во Украина во други земји, затоа што „НАТО не може и нема директно да интервенира во војната“ во таа земја, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Асошијетед прес. Шолц рече дека Германија ќе продолжи да испорачува оружје во Украина, а се разгледува и можност за испорака на системи од источноевропските земји кои би биле лесно и брзо употребливи. Германскиот канцелар се соочува со зголемен притисок во сопствената владејачка коалиција и главната опозициска партија да испорача тешко оружје како што се германските тенкови Леопард, додава АП. Сепак, тој…

Read More

Влијанието нa конфликтот во Украина врз економијата, како и ценовната и енергетската криза ќе бидат главните теми на кои ќе се разговара на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои оваа седмица се одржуваат во Вашингтон, а на кои ќе учествува делегација од Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска. Бесими во Вашингтон ќе се сретне со извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, шефот на и со шефот на мисијата на ММФ за Македонија Бергјот Бјорнсон Баркбу. Состаноци ќе има и со регионалниот претставник за Западен Балкан Штефани Ебле и…

Read More

Командант на морнарицата во последното украинско упориште во опколениот град Мариупол, во раните утрински часови преку видео порача дека на неговите луѓе можеби им остануваат само неколку часа. Во видеото испратено до Би-Би-Си и другите медиуми, мајорот Серхи Волина рече дека неговите војници нема да се предадат, но тој замоли за меѓународна помош за 500-те ранети војници и стотици жени и деца за кои рече дека се кријат со нив во фабрика за челик во град. „Ова е нашето последно обраќање до светот. Можеби ќе ни биде последно. Можно е да ни преостануваат само денови или часови“, рече мајорот Волина.…

Read More

Градот Мариупол стана симбол на украинскиот отпор против руската инвазија, но и симбол на освојувачките претензии на Русија. Овој приморски град ќе остави траен белег на војната која го доведе во опасност мирот не само во Европа туку и во светот. Зошто им е важен Мариупол на двете страни, и на Украина но пред се на Русија? Како прво, заземањето на Мариупол ќе и овозможи на Русија да воспостави контрола на огромен дел од јужна и источна Украина. Второ, Мариупол е дом на важно пристаниште, кое што во нормални времиња е клучен извозен центар за челик и јаглен. Понатаму, Мариупол…

Read More

Холандија ќе испрати потешко оружје во Украина вклучувајќи и оклопни возила, најави денеска премиерот Марк Руте. Руте рече дека тој и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен му изразиле поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор, додека Русија започнува со обнова на офанзивата. „Заедно со сојузниците, ја разгледуваме можноста за испорака на дополнителна потешка опрема“, рече Руте. Зеленски, исто така, твитна по телефонскиот разговор, велејќи дека го информирал Руте за влошувањето на ситуацијата во Донбас и дека е благодарен за поддршката. „Кога ќе се врати мирот, заедно во ЕУ ќе изградиме односи меѓу Украина и Холандија со нов…

Read More

Дизајнот на „Ролс Ројс“ за мал модуларен нуклеарен реактор (SMR) најверојатно до средината на 2024 година ќе добие одобрение од националнот регулатор во Велика Британија и до 2029 година би можел да почне со производство на електрична енергија, изјави извршниот директор на Одделот за мали модуларни реактори на компанијата, Пол Стајн. Британската Влада минатиот месец побара од национално тело за регулација на нуклеарната енергија да го започне процесот на одобрување, откако во ноември ја поддржа финансиската рамка на компанијата вредна 546 милиони долари за развој на првиот SMR во земјата. Владата очекува преку SMR дека ќе придонесе за намалување на…

Read More

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и другите западни земји „прават се за да ја развлечат руската воена операција во Украина“. Тој за државната телевизија Русија 24 истакна дека е зголемен обемот на испораки на странско оружје за Украина што јасно укажува дека ќе се борат до последната украинска позиција. Според Шојгу руските сили методично спроведуваат план за „ослободување на народни републики Доњецк и Луганск“. Не е познато дали изјавата на Шојгу беше пренесувана во живо или снимена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде прво јавно појавување на рускиот министер за одбрана по извесен период, по наводите дека…

Read More

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но исто така започнала нова фаза од својата „специјална воена операција“. „Ќе користиме само конвенционално оружје“, рече Лавров. Тој зборуваше и за втората фаза од инвазијата. „Почнува втората фаза од оваа операција и сигурен сум дека ова ќе биде многу важен момент за целата специјална операција“, рече Лавров. Украински и западни претставници, како и експерти и аналитичари веќе изјавија дека Москва започнала офанзива во источна Украина, а тоа денеска го потврди и Лавров. И портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, уште кон крајот…

Read More

Најмалку шест лица загинаа, а 11 се ранети во двоен самоубиствен бомбашки напад пред машко училиште во авганистанската престолнина Кабул. Експлозиите се случија во гимназијата Абдул Рахим Шахид во западниот дел од градот во кој доминираат Шиитите. Бројот на загинати и ранети најверојатно ќе се зголеми. Цел на напад со гранати бил и блискиот школски центар. Засега никој нема преземено одговорност за нападите. Извори од болницата Мухамед Али Џина во Кабул за Би-Би-Си изјавија дека досега примиле четири мртви тела и 19 повредени лица од нападот во училиштето. Фотографиите од последиците од експлозиите покажуваат крвави дамки на земјата покрај фрлените тетратки.…

Read More

„Централниот регистар смета дека во запишаните цели и програма на делување на здружението ‘Културен центар Иван Михајлов Битола’ нема елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, не се преземаaт активности поврзани со тероризам, активности кои се спротивни на Уставот или закон, ниту се повредуваат слободите и правата на други лица, за што е одлучено да се донесе Решение за упис“, тврдат од Централниот регистер по бурните реакции во јавноста за именувањето на културниот центар на Бугарите во Битола. Во објаснувањето се…

Read More

ВМРО-Народна партија се согласува дека името на Ванчо Михајлов не е соодветно избрано за да претставува културен клуб во Македонија и бара да се забранат партиите кои се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов на нивни конгреси. „Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во македонскиот политички простор постојат барем две политички партии кои во континуитетот на своите конгреси ги имаат вградено и конгресите на ВМРО под водство токму на Ванчо Михајлов. Затоа ВМРО-Народна партија бара од Министерството за правда да ги идентификува тие политички партии кои веќе се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов и да се…

Read More