Градот Мариупол стана симбол на украинскиот отпор против руската инвазија, но и симбол на освојувачките претензии на Русија. Овој приморски град ќе остави траен белег на војната која го доведе во опасност мирот не само во Европа туку и во светот.

Зошто им е важен Мариупол на двете страни, и на Украина но пред се на Русија?

Како прво, заземањето на Мариупол ќе и овозможи на Русија да воспостави контрола на огромен дел од јужна и источна Украина. Второ, Мариупол е дом на важно пристаниште, кое што во нормални времиња е клучен извозен центар за челик и јаглен.

Понатаму, Мариупол е дом на единицата на украинската милиција наречена Азовска бригада, која содржи екстремни десничарски екстремисти. Иако тие го сочинуваат само најмалиот дел од борбените сили на Украина, оваа единица е корисна пропагандна алатка за Москва.

И последното и можеби најважното е што преку освојувањето на Мариупол, Кремљ ќе му покаже на своето население дека Русија ги постигнува своите цели. (преземено од Би-Би-Си)