Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Германското разузнавање (БНД) пресретнало комуникации на руската војска во која се документира договор за масакрот во Буча, тврди магазинот Шпигел. Според извештајот испратен од БНД до соодветните парламентарни комисии, комуникацијата меѓу руските војници докажува дека не се работи за случајни злосторства на поединечни војници, туку за планирана стратегија. „Материјалот покажува дека убиствата на цивили се дел од вообичаената процедура на руската војска заради заплашување на населението и спречување на отпор“, се наведува во извештајот на БНД, пренесува Шпигел. Според БНД, делови од снимената комуникација може директно да се поврзат со конкретни жртви кои подоцна се фотографирани, пренесе Хина. Така, во еден…
Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау и на Шведска, Ан Линде, утре ќе отпатуваат на полско-украинската граница. За време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова. Посетата на трите министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани. Како дел од тројката претседавачи на…
Експратеничката Фросина Ременски која доби ослободителна пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“ изјави дека е задоволна од пресудата но дека е исцрпена од двегодишното судење. „Повеќе од две години и писхички и физички и емоционално поминувам низ овој процес. Барам разбирање денеска, да ја добијам пресудата, да ги прочитам наводите и да дадам повеќе образложение за било какво прашање денеска. Сметам дека за случајот премногу зборував, за целокупното постапување за случајот и мислам дека денеска укажувањето на судот во однос на функционерите и политичарите – е нешто на што сериозно треба да се размисли. Сакам да имате разбирање за денешната моја…
Целосно е реконструиран Одделот за онкологија на Унивезитетската клиника за детски болести. Со комплетното реновирање, извршено со донација од 260 илјади евра од компанијата „Макстил“, во одделот се поставени нови системи за вентилација и за технички гасови, реновирани се сите болнички соби и просториите за медицинскиот персонал, обновена е електричната инсталација, како и дел од водоводната и канализациската мрежа, а поставен е и нов медицински под на површина од 400 квадратни метри. „Детската клиника доби реновиран оддел за онкологија, кој е еден и единствен на ниво на регионот и ќе ги згрижува сите деца болни од малигни болести, дали тоа…
„Пресудата е базирана и на компромис со политиката и е резултат и на личен анимозитет кон мене како адвокат, и кон мојот клиент Бојан Јовановски, кoj нeма кривично дело во овој предмет. Овој предмет е пример како без докази се носи пресуда“, изјави Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски по изречените пресуди за предметот „Меѓународен сојуз“ и пресудата за Јовановски кој е осуден на 9 години затвор. „А каде се доказите? Всушност, за оваа пресуда нема ниту еден доказ. Не е случајно судот што надолго образложуваше, па уште и ја третираше интелектуалната способност на Јовановски. Излезе дека и бизнисмените и…
Откако стана градоначалник на Тетово, Билал Касами најави поголема транспарентност во работењето и дека на секои три месеци ќе ги објавува имињата на лицата кои општината ќе ги ангажира со договор на дело. Тој список е објавен на официјалната веб страница на општината и од него се гледа дека од почетокот на јануари до крајот на март оваа година биле потпишани 78 вакви договори со физички лица. „Општина Тетово во првите три месеци од годината склучила 78 договори на дело. Од нив, 30 се од претходната администрација. Значителен број лица се ангажирани во Општинскиот инспекторат како одржувачи на редот, бидејќи…
Денес напладне почна протестот на матичните лекари на кој присуствуваа над двеста здравствени работници – матични лекари, стоматолози, специјалисти, медицински сестри и лаборанти. На протестот зборуваше министерот за здравство Беким Сали и се обиде да им додели благодарници на лекарите по повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, но лекарите не ги прифатија и му ги вратија благодарниците. Претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лили Чолакова Дервишова, рече дека министерот за здравство кој доаѓа од примарната здравствена заштита е последна надеж за спас на лекарите од тој сектор. „Очекуваме корекција на капитациониот бод годинава, а в година и промена…
Бојан Јовановски-Боки доби казна од 9 години затвор, Фросина Ременски е ослободена, Миле Јовановски 2 години условна, Јасна Мандиќ 4 години, и Христина Карајованова-Блажевска една година затвор е епилогот од судењето за Меѓународен сојуз. Казните се поради измама, помагање во измама и перење пари, а кај таткото на Боки Јовановски, Миле Јовановски и за чување дома непријавено оружје повеќе видови пиштоли и муниција за пиштолите. Судијката Софче Гаврилова – Ефремова рече дека врз должината на траењето на постапката влијаела пандемијата, како и здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски. „Му оставивме на Јовановски повеќе од седум месеци време увид во доказите…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата не смее да прави разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје за Украина и му вети на Кулеба дека ќе разговара за испорака на тешко оружје за НАТО. Генералниот секретар на НАТО ја даде изјавата на денешната средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. – Украина води одбранбена војна, така што нема разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје, рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата, нагласувајќи дека ќе разговара со министрите за набавка на различно оружје, вклучително и тешко оружје.…
Европската комисија го одобри бугарскиот план за закрепнување и одржливост, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во зградата на бугарската Влада за време на заедничката прес-конференција со премиерот Кирил Петков, на која беше претставен документот. Според неа, бугарскиот план е исклучителен, бидејќи речиси 60 отсто од него е за поддршка на зелената транзиција. Фон дер Лајен рече дека за ЕК е важно Бугарија да биде со ЕУ во оваа насока. Според неа, планот исполнува многу услови. По позитивната оценка за бугарскиот план, Урсула фон дер Лајен на премиерот Кирил Петков му врачи почесна плакета. Тој соопшти дека Планот претставува 10 отсто од бугарската економија…
Заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска до министерот за правда Никола Тупанчески достави писмена опомена за непочитување на член 12 и член 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата. „Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчески ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажува дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни…
Денеска како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ одбележуваме 31 година од нашето постоење, централниот настан ќе се одржи во Прилеп бидејќи пред 31 година на 6ти и 7ми април се одржал партискиот конгрес на кој е донесена одлука за формирање на младинска организација на ВМРО-ДПМНЕ, вели Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Алфа. Попов рече дека вечерва под мотото „Визија за победи“ ќе се промовира за прв пат документ односно стратегија за младите во сите сфери од општествениот живот. Вечерашниот настан ќе се одржи под мотото „Визија за победи, шанса за промени“ бидејќи…