Author: Соња Крамарска

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни изјави денеска дека украинските сили ги собориле сите 18 проектили лансирани од руските сили во ноќешниот интензивен напад, вклучително и шест проектили Кинжал. Тој изјави дека руските сили ја нападнале Украина од север, југ и исток со 18 ракети од различен тип од воздух, море и копно. Според него, Русија истрелала шест ракети Кинжал од авиони МиГ-31К, девет крстаречки ракети Калибар од бродови во Црното Море и три ракети Искандер од копно.

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Земјите-членки имаат рок до крајот на 2023 година да дефинираат каков механизам за проширување ќе функционира за земјите кои сакаат да пристапат во ЕУ, а истовремено да се осигураат дека ЕУ ќе остане доследна на себе, изјави во саботата за EURACTIV француската министерка за ЕУ Лоренс Бун. Идејата за „диференциран“ пристапен процес е брзо „закотвување“ на земјите-кандидати за ЕУ блиски до блокот, рече Бун на конференцијата во саботата. Овие очигледни бранувања во Унијата можат да водат кон либерализирање на условите за членство, и тоа во делот на одлучување  кој беше причина Македонија со децении да стои во место…

Read More

Девојчето кое беше тешко рането во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград почина во Универзитетската детска клиника во Тиршова, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија. Според информациите, таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази искрено сочувство до семејството на повреденото девојче. По пукањето, девојчето со тешки повреди на главата било примено во Тиршова, каде веднаш била оперирана. Директорот на клиниката Синиша Дучиќ тогаш изјави дека операцијата била исклучително тешка, дека животот на детето е загрозен…

Read More

Денеска, откако во некои медиуми се појавија наслови дека Јанева е пред помилување, од кабинетот на Пендаровски го демантираа тоа и рекоа дека нејзината молба е одбиена и дека на 19 мај ќе биде објавена во Службен весник со што одлуката ќе стане и официјална. Според одделни медиумски извештаи и експретседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, и бизнисменот Сеад Кочан се обиделе да го искористат институтот помилување – еден од надлежностите на претседателот на државата – за да излезат предвреме од затвор каде што издржуваат повеќегодишни казни, но и тие биле одбиени во претходна процедура. Јанева и Панчевски…

Read More

Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2022/2023 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е „InoVax“ од средното техничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје. InoVax е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Поточно компанијата произведува уред за лоцирање на возрасни лица и лица со деменција.  Второто место му припадна на тимот од „Голем одмор“ од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. „Голем одмор“ нуди апликација и услуга за решавање на два проблеми со кои се соочуваат учениците – недоволното…

Read More

Денеска сите заедно споделуваме еден убав ден за сите наши граѓани и цела наша држава. Дојде крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Оваа владина коалиција од минатиот петок па до денес демонстрира како може да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира, порача денеска вицепремиерот Артан Груби во своето обраќање од Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10-д. „Така како што демонстриравме дека е дојден крајот на заложништвото и блокадата, така…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во Прилеп, присуствуваше и се обрати на настан по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д, кој заедно со Коридорот 8 е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата. „Изведбата на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10-д, во должина од 40 километри, заедно со автопатските делници од Коридорот 8, претставуваат најголема капитална инвестиција во нашата земја, која ќе биде пресвртница во развојот на нашата држава“, рече Ковачевски. Со оваа инвестиција Македонија конечно од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на…

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Македонска филхармонија – институција која треба да зрачи со највозвишениот облик на музичката уметност, денеска изненади. За еден банален проблем, реши на своите уметници да им врзе жолти ленти на ракавите во знак на протест што Министерството за култура одлучило таму привремено да го смести и џез оркестарот. Жолтите ленти синоќа можеа да ги видат посетителите на филхармонискиот концерт, а нашите филхармоничари успеаја во овој конфликт да го вмешаат и диригентот Џорџ Џексон од Англија кој диригираше на синоќешниот перформанс. Не верувам дека овој диригент кој слетал од далечниот остров за само една вечер да им приреди уживање…

Read More

На синоќешниот концерт насловен „ФИЛИЗ“, но и на концертите кои ќе следуваат, вработените во Македонската филхармонија ќе носат жолти ленти, во знак на протест поради нетранспарентната и штетна одлука која ја донесе Министерството за култура, новоформираниот Национален џез-оркестар институционално да се смести во зградата на Филхармонија. Пред почетокот на концертот, пред публиката се обрати Ана Кондратенко, концерт мајстор во оркестарот, а истата порака на англиски јазик ја прочита и диригентот Џорџ Џексон од Англија. „Нашата борба да си го зачуваме просторот за работа нема да запре се додека не се промени одлуката за просторно сместување на уште една институција во…

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и  уништи путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија. Станува збор за производ со сериски број /лот: LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјава се увезени 30 парчиња. „При контролата е утврдено дека операторот Зегин ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно, преостанатите…

Read More

Државна матура ќе мора да се полага на 27 мај, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета на Кавадарци. Тој вели дека за тоа се прават сите подготовки. Одржувањето на испитите се доведува во прашање поради штрајкот на Државниот испитен центар (ДИЦ), институција надлежна за спроведување на државни тестирања. „Од почетокот на штрајкот, мојот став е дека не можеме секогаш да ги поврзуваме важните процеси, со некои барања. Ги поддржувам барањата, но мојот конечен став, е, дека државната матура ќе се полага на 27, кога што е предвидено според рокот“, рече министерот. Тој повтори дека ако…

Read More

Меморандумот за разбирање што неодамна во Вашингтон го потпишаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин со кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулациите и дезинформациите е многу важен, стратешки документ. Фокусот е на одбраната на Северна Македонија и САД, како сојузници во НАТО, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник – државен секретар Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка. „Многу сме горди што ја имаме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со…

Read More