Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катица Јанева не е помилувана

0
By Соња Крамарска on May 15, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
фото: Независен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 15, 2023 12:02

Денеска, откако во некои медиуми се појавија наслови дека Јанева е пред помилување, од кабинетот на Пендаровски го демантираа тоа и рекоа дека нејзината молба е одбиена и дека на 19 мај ќе биде објавена во Службен весник со што одлуката ќе стане и официјална.

Според одделни медиумски извештаи и експретседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, и бизнисменот Сеад Кочан се обиделе да го искористат институтот помилување – еден од надлежностите на претседателот на државата – за да излезат предвреме од затвор каде што издржуваат повеќегодишни казни, но и тие биле одбиени во претходна процедура.

Јанева и Панчевски по првпат бараат помилување од шефот на државата, додека бизнисменот Сеад Кочан бараше и во 2021 година, но не доби.

Процедурата е регулирана со Законот за помилување, а во одделот насловен „Комисија за помилување“ на интерент-страницата на претседателот на државата е појаснето како тече целата постапка.

Имено, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот почнува со поднесување молба за помилување до судот кој ја донел првостепената судска одлука.

Потоа, молбата заедно со потребната документација судот ја доставува до Министерството за правда. Согласно законската постапка, министерот за правда ги разгледува молбата и останатите документи и дава свој предлог до шефот на државата.

Оттука постапката ја презема Комисијата за помилување на претседателот на државата, која на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот за правда.

Инаку, Комисијата за помилување е постојано работно тело во служба на претседателот.

Откако ќе ги разгледа документите, Комисијата со мнозинство гласови од присутните членови утврдува мислење, односно предлог кој потоа го доставува до шефот на државата.

Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот/министерката за правда, претседателот на државата донесува конечна одлука.

Претседател на Комисијата за помилување е Уранија Пировска, а нејзини членови се: Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Кимо Чавдар, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Сафет Алиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска.

За Јанева, Панчевски и Кочан исходот од целата процедура завршил безуспешно, бидејќи конечната одлука на претседателот била негативна.

Ексшефицата на Специјалното јавно обвинителство беше осудена на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување, заедно со Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, кој доби две години повеќе.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба почна да ја издржува од 3 февруари минатата година, кога сам се пријави во затворот „Скопје“ или во јавноста познат како „Шутка“.

Бизнисменот Сеад Кочан, пак, пресудата во случајот „Труст“ на СЈО, во кој беше обвинет за злоупотреба при постапка за јавни набавки, првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје ја дочека на 20 јули 2018 година, со која беше осуден на затворска казна од шест години. Апелацискиот суд потоа му ја намали казната на 4 години и 8 месеци.

Владимир Панчевски Катица Јанева помилување Сеад Кочан Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.