Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рикер: САД ќе и помагаат на Северна Македонија во борбата против дезинформациите

0
By Соња Крамарска on May 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 12, 2023 10:48

Меморандумот за разбирање што неодамна во Вашингтон го потпишаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин со кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулациите и дезинформациите е многу важен, стратешки документ. Фокусот е на одбраната на Северна Македонија и САД, како сојузници во НАТО, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник – државен секретар Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка.

„Многу сме горди што ја имаме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно. Сите земји во регионот се соочуваат со некои од истите предизвици. Ние сме многу свесни за дезинформациите што ги објавува Путин и Русија. Тоа го гледаме многу години. Мислам дека е одлично што специјалниот пратеник Џејмс Рубин можеше да патува во регионот, вклучително и во Северна Македонија во април. Имаше средби, а со посетата на премиерот овде на Вашингтон, беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми“, вели Рикер.

Прашан дали е загрижен поради напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, Рикер истакнува дека е видливо влијанието на делот од пристапот на Москва да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир.

„Тоа е дел од руските проекти за дестабилизација. Дел од тоа да се биде сојузник на НАТО е сите да работиме заедно и да се обидеме да се бориме против тие аспекти. НАТО е одбранбена Алијанса и е фокусирана на заштита на своите земји-членки од овие видови на деструктивни елементи“, вели Рикер.

За тоа како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание и ширењето дезинформации, тој посочува дека тоа е работа на специјалниот пратеник Рубин, кој раководи со Центарот за глобален ангажман во Стејт департментот, кој функционира под државниот секретар Блинкен.

„Заедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистината. Да ги имаат фактите и да не бидат убедени во спротивното преку социјалните мрежи или други напори од Русија на Владимир Путин или други кои сакаат да нарушат и во регионот“, вели Рикер.

Тој смета дека Северна Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ и да ги изоди потребните чекори како што беше и во случајот со зачленувањето во НАТО, за што има поддршка од САД.

„Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ. Кога бев во американската влада, тоа секако го правев во Брисел, меѓу членките на Европската Унија. Северна Македонија презеде големи реформи за да продолжи на тој пат, исто како што направија за членството во НАТО. Бев многу горд кога успеавме конечно да ја видиме Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО во 2020-та“, изјави Филип Рикер.

дезинформации САД Северна Македонија Филип Рикер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.