Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниту Мицкоски ниту свети Мицко може да го запре овој проект, порача Груби од Прилеп

0
By Соња Крамарска on May 12, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 12, 2023 15:15

Денеска сите заедно споделуваме еден убав ден за сите наши граѓани и цела наша држава. Дојде крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Оваа владина коалиција од минатиот петок па до денес демонстрира како може да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира, порача денеска вицепремиерот Артан Груби во своето обраќање од Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10-д.

„Така како што демонстриравме дека е дојден крајот на заложништвото и блокадата, така од денес при изградба на вакви инфраструктурни проекти, најголеми во историјата на нашата земја, упатувам порака дека е дојдено време од денес да се стави крај и на блокадата на нашето европско интегрирање и тоа е веќе започнат проект и нема никој да му застане на пат како што нема да му застане на пат ниту на овој проект за изградбата на автопатиштата. Така што спремете се, качете се сите на овој воз што води кон Брисел и нема кој да го сопре“, рече Груби.

Според него, фактот дека сите министри и мнозинството во парламентот стојат зад овој проект е најголема гаранција за сите граѓани дека, како што рече, „ниту Мицкоски ниту свети Мицко може да го запре овој проект“. Сите влади, секако и идната влада ќе биде истата која е и денес, ќе го заврши овој проект, рече Груби.

Облечен во бела маица со натпис 10д, Груби им се заблагодари на премиерот Димитар Ковачевски и на сите министри за овој проект, а се заблагодари и на пратениците за усвојувањето на специјалниот закон за коридорите и на предлог-измените на одредени закони поврзани со изградбата на автопатите на „Бехтел и Енка“.
автопат Битола-Прилеп Артан Груби Коридор 10д Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.