Author: Соња Крамарска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на  НАТО. – Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, но до овој момент немаме донесено конкретна одлука за тоа. Доколку донесеме, јавноста ќе биде информирана, изјави Петровска. Таа додаде дека македонската Армија има исклучително обучени и релативно добро опремени припадници, кои, доколку евентуално бидат испратени во ваков тип на мисија, ќе бидат распоредени на соодветни места согласно стратегиите и развојните планови на НАТО. Во делот…

Read More

Како што знаете во првите недели од нашите мандати почнавме со нов дијалог кој се заснова на прашања кои гледаат кон иднината, и затоа создадовме работни групи и веќе добиваме резултати, рече денес премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Софија каде што учествува на состанокот на шефови на влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа. Ковачевски рече дека меѓу двете држави се одвиваат практични проекти меѓу компаниите и граѓаните, има подобрена комуникација меѓу нашите образовни институции, имаме оперативна авиолинија меѓу Скопје и Софија. „Министерствата за надворешни работи на двете земји работат и се на ниво на размена на…

Read More

Во Софија денеска започна состанокот на шефовите на влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа. После минатонеделниот вонреден самит на НАТО, продолжуваме со координација на заедничките безбедносни стратегии кон ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа, порача македонскиот премиер Димитар Ковачевски на почетокот на самитот. Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина. Учесници се освен македонскиот премиер и бугарскиот домаќин, и премиерите на Романија Николае…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утринава преку соопштение до јавноста искажа серија сомнежи за организираниот чартер лет до Порто, Португалија каде што утре нашата фудбалска репрезентација ќе настапи против португалската. Во центарот на обвинувањата е братот на заменик премиерот Артан Груби, кој според опозициската партија е сопственик на патничката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ преку која како што навестуваат е организиран превозот на навивачите и другите патници кои утре вечер ќе ја бодрат нашата репрезентација на трибините. „Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија!? Дали чартер летот што ќе го организира…

Read More

На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива. – Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат инплантирани здрави коскени ткива. Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти…

Read More

Двегодишнината од приемот на Северна Македонија во НАТО денес беше одбележана со позитивни реакции од страна на државниот и на политичкиот врв на земјата, но воедно и со громогласен молк кај опозицијата. Екс-премиерот Зоран Заев, кој беше на чело на владата во тоа време и под чие водство беше урната блокадата од Грција, поздравувајќи ја двегодишнината оцени дека „денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО. За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот да ни е сигурен и безбеден – вредеше“, истакнува тој. Осврнувајќи се на Преспанскиот договор кој ни ги отвори…

Read More

Советник на градоначалникот на Мариупол рече дека се верува дека околу 600 луѓе го преживеале рускиот бомбашки напад врз театарот во градот пред девет дена. Информациите за жртви и преживеани бавно се појавуваат по нападот на 16 март, а отсуството на функционални полициски сили и мрежата на итни случаи го направија невозможно составувањето на официјалниот број, рече Петро Андриушченко на неговиот канал Телеграм. Наместо тоа, тој откри детали за, како што ги нарече, „речиси официјални“ бројки и објасни како Советот ја достигнал бројката од околу 300 жртви, што беше објавено претходно во текот на денот. Тој рече дека претставниците на…

Read More

Воведовме важни санкции за Русија, но во енергетиката, треба внимателност за мерките што ги преземаме, за да не ни штетат нам повеќе отколку на Русија, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Си-Ен-Ен, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека ЕУ „воведе многу обемен пакет санкции, во споредба со сето она што беше направено во минатото“, но и дека овие санкции имаат значајни последици. -Ќе ја видиме руската економија да се намалува, можеби за десет отсто. Сите профити што Русија ги оствари во последната деценија би можеле да се елиминираат во рок од една година. Значи, ова…

Read More

Нашите фудбалски херои попладнево слетаа на скопскиот аеродром, од Палермо каде синоќа ја поразија репрезентацијата на Италија со 1:0. На аеродромот во Скопје беа дочекани од многубројни новинарски екипи, кои им честитаа на фудбалерите на историскиот успех и ги пренесоа до јавноста нивните први импресии по враќањето на домашен терен. На фудбалерите им беше приреден дочек на скопскиот плоштад, а многубројните навивачи, љубители на фудбалот и граѓани кои се затекнаа на плоштадот не можеа да го скријат задоволството од победата на нашата репрезентација над фудбалскиот џин Италија.

Read More

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи за „Фокус” изјавила дека трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо сама ги покрила, одговарајќи на реакциите кои денеска се појавија во медиумите. -Пред се сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија, изјави обвинителката за „Фокус“. Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот на нашата репрезентација против Италија и на овој и на другите, сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и тоа…

Read More

Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид -19 на денешната седница одлучил да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски. Кризниот штаб до Владата ќе упати и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација на студентите и на образовниот кадар. Измени се предложени и во однос…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,044 ден/кг и ќе изнесува 56,207 ден/кг. Од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е…

Read More