Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата ја „поздрави“ двегодишнината од НАТО со громогласен молк

0
By Соња Крамарска on March 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 27, 2022 15:11

Двегодишнината од приемот на Северна Македонија во НАТО денес беше одбележана со позитивни реакции од страна на државниот и на политичкиот врв на земјата, но воедно и со громогласен молк кај опозицијата.

Екс-премиерот Зоран Заев, кој беше на чело на владата во тоа време и под чие водство беше урната блокадата од Грција, поздравувајќи ја двегодишнината оцени дека „денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО. За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот да ни е сигурен и безбеден – вредеше“, истакнува тој. Осврнувајќи се на Преспанскиот договор кој ни ги отвори вратите во Алијансата Заев додаде и дека е тој историски и дека неговото значење уште повеќе се нагласува во денешните случувања на безбедносен план.

„Гледајќи како недалеку од нас се гранатираат недолжни цивили, се потсетуваме зошто е важно тоа што спорот со соседите го решивме преку дипломатија и мир“, посочи поранешниот премиер Зоран Заев во чиј мандат влеговме во НАТО.


Актуелниот премиер Димитар Ковачевски исто така ја подвлече важноста што во овие мигови на нарушена безбедност во Европа и во светот, Македонија е под чадорот на најмоќната воено-политичка алијанса во светот. „Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по Втората светска војна, ја согледуваме исправноста на оваа одлука да влеземе во НАТО“, порача тој.

И шефот на дипломатијата Бујар Османи и лидерот на ДУИ Али Ахмети ја нагласија важноста што денеска Северна Македонија е членка на НАТО. Во актуелните околности, посочи Османи, „најважно е да имаме вистински пријатели и сојузници со кои заеднички ќе ги обликуваме значајните одлуки и ќе придонесуваме за нашата заедничка безбедност“, додека пак Ахмети оцени дека во овој период на неизвесност и геополитички тензии и геостратешки разместувања, НАТО е клучен фактор за стабилност на нашата држава.

Според поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска која покрај Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров имаше клучна улога во процесот, членството во НАТО како што истакна не е само историски успех на сегашната генерација туку и најважна безбедносна гаранција за државата.
„Војната во Украина покажа колку е важно да бидеме дел од најмоќната воено-политичка алијанса и дека тоа е единствениот сигурен начин да ги одвратите ‘поголемите’ да мислат дека силата им дава право“, оцени таа.

Позитивни тонови има и од Никола Димитров, кој како тогашен шеф на дипломатијата директно учествуваше во склучувањето на Преспанскиот договор кој ни ја отвори вратата на НАТО. Тој вели дека заслугата е на сите македонски граѓани и на плејада визионери, војници, дипломати, државни службеници и политичари, кои три децении работеа да се оствари таа каузата чија оправданост, подвлече, ја гледаме денеска при руската агресија врз Украина.

Но за разлика од оцените што дојдоа од владиниот камп, опозицијата ја „поздрави“ двегодишнината од приемот во НАТО со громогласен молк. Дали тоа значи политичка воздржаност кон Алијансата или кон членството на Северна Македонија во НАТО клубот, или пак станува збор за маркетиншко одбегнување да се потенцира овој успех во кој тие немаа улога, останува да се види. Од ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период стигнуваат спротивставени сигнали по прашањето за членството на Македонија во НАТО. Во дел од јавните настапи тие го спомнуваат како важно достигнување во развојот на државата, меѓутоа од друга страна изборната кампања на парламентарните избори во 2020 ја водеа со пораки дека ќе го поништат Преспанскиот договор кој беше практично влезницата на нашата земја во НАТО.

С.К.

две години НАТО членство опозиција членство во НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.