Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во цивилизирана Европа во 21 век – нема место за проблемите кои Бугарија ги отвора за македонскиот јазик и идентитет. Ваква порака испратија германските дипломатки Сузане Шуц и Сабине Штер на панел дебатата денес во Скопје. Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан и Штер директорка за европска политика во германското МНР, во Скопје пристигнаа од Софија и порачаа дека решение на македонско-бугарскиот спор мора да има, но во европски рамки. – Тука се работи за Европа од 21 век. Прашањата дали зборувате македонски или бугарски или руски или украински, ова е едно прашање кое што не треба да биде…
На состанокот на шефовите на држави и влади што се одржа во Брисел се разговарало и за заканите по стабилноста и безбедноста на Балканот со оглед на активностите кои ги превзема Русија во регионот а во контекст на актуелната криза а со цел да се поткопа кредибилитетот на евроатлантските институции. -На состанокот на Северно-атлантскиот совет посочив дека внимателно се идентификувани и се следат агресивните активности на Русија и во регионот на Западен Балкан, и дека тие имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ, да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот…
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, денеска спроведе претреси во домови и други простории на над 20 локации во државата. Полициска акција имаше на пет локации во Тетово, на две во Гевгелија и Кичево, и на по една локација во Скопје, Куманово, Струмица, Штип, Струга, Пробиштип, Берово, Свети Николе, Битола, Гостивар, Неготино и Кавадарци. Одземен се поголеми количини марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамини, прашкаста материја чиј состав ќе се анализира, парични средства, три ваги, 29 куршуми а како што соопшти портпаролката Сузана Прањиќ Талевска, во Гевгелија е и импровизирана лабораторија за производство…
Авионот со полскиот претседател Анджеј Дуда принудно слетал, јави полската владина новинска агенција ПАП. Дуда требаше да отпатува од Варшава до Жешов за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. „Имаше итно слетување на авионот со претседателот Дуда, авионот се врати во Варшава“, според ПАП. Официјален претставник на Белата куќа исто така го потврди итното слетување. Како резултат на инцидентот Бајден го сменил својот распоред, прво е состанокот со членовите на 82-та воздушно-десантна дивизија, а потоа ќе учествува на хуманитарни настани во Полска. Ќе учествува и Дуда доколку пристигне навреме.
Градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочовски објави дека општината ќе доделува по 3.000 денари за секое новороденче. „Утрово потпишав Решенија за доделување на финансиски средства во висина од по 3.000 денари како еднократна парична помош за секое новороденче во општина Вевчани“, објави тој на социјалната мрежа Фејсбук. „Да се живи и здрави, а во иднина посакувам што повеќе вакви решенија да потпишувам“, вели градоначалникот.
Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде охрабрен „чесно“ да ја напушти Украина и да го прекине конфликтот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Мораме да му кажеме на Путин, вие сега треба да бидете тој што ќе го направи првиот чекор кон мирот. Треба да се обидеме да го решиме овој конфликт со охрабрување за чесно излегување оттаму, рече Ердоган, враќајќи се од самитот на НАТО кој се одржа во Брисел. Ердоган кажа дека ќе разговара со украинските претседатели Володимир Зеленски и со Путин за да ги проценат деталите од самитот на НАТО. Официјална Анкара се гледа себеси…
Едно од две украински деца е раселено откако Русија ја започна инвазијата на 24 февруари, се вели во соопштението на УНИЦЕФ. Притоа се додава дека 4,3 милиони деца се раселени, што претставува повеќе од половина од околу 7,5 милиони детска популација на Украина. Оваа бројка вклучува над 1,8 милиони деца кои преминале во соседните земји како бегалци и 2,5 милиони деца кои исто така се внатрешно раселени во Украина, се вели во соопштението. Во соопштението се додава дека 78 деца се убиени, а 105 деца се повредени во Украина од почетокот на инвазијата пред повеќе од еден месец, според Канцеларијата…
Критична, ризична и неизвесна ќе биде оваа туристичка година. Веќе ги изгубивме рускиот, украинскиот и полскиот пазар, намалени се групите на нашите традиционални посетители од Белгија и Холандија, а откажани се и голем број аранжмани или можеби ќе се реализираат, но без гаранција, оценува бизнис секторот од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија. Од Здружението на денешниот брифинг со новинарите истакнаа дека ситуацијата е катастрофална, не само поради актуелната пандемија и руско-украинскиот конфликт, туку и поради „несредените“ работи дома. Загрижени се, како што рекоа, дека ако итно не се преземе ништо, ќе ја пропуштиме не…
Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за МИА посочува дека решението во преговорите кои нашата земја ги води со Бугарија се засноваат на европски вредности, како и на принципи на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите во двете држави како и на зачувувањето на достоинството на граѓаните од двете земји. Ковачевски во интервјуто вели дека повеќе пати потенцирал дека никогаш не се врзува со датуми туку со реални проекти и додава дека во преговорите на актуелните две влади има нова динамикаи нов процес кој се темели на иднината на двете земји. „Јас јуни никогаш го немам спомнато и не се врзувам за…
Актуелниот француски претседател Емануел Макрон останува фаворит во анкетите во пресрет на претседателските избори закажани за два круга – на 10 и 24 април, а според анкетите опаѓа популарноста на кандидатот на крајната десница, Ерик Земур. За Макрон би гласале околу 28 отсто од гласачите, а за Земур помалку од десет отсто, објавија француските медиуми резултатите од новото истражување на јавното мислење. За помалку од три недели од првиот круг на изборите за кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен, би гласале околу 20 отсто од гласачите, пренесува Бета. Трет би бил кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон со 14…
Србинот Н.Р. бил застрелан, а уште еден избоден со нож во Мајами. Двајцата се во болница. Нападот се случил околу 18 часот и 45 минути по локално време во престижен кварт во Мајами, кога засега неидентификувани напаѓачи на паркингот во трговски центар го нападнале Н.Р. и неговиот пријател, кои се враќале од пазарење. Мотивот бил грабеж. „Носевме торби со купени работи кога неколкумина од нив не пресретнаа на паркингот, токму во моментот кога го отворивме багажникот. Бараа да им дадеме чанти и паричници, а кога не се согласивме, почна тепачка. Гледајќи дека до работите нема лесно да дојдат, извадија пиштоли…
Економскиот напредок што Русија го постигна во последните 15 години може да исчезне до крајот на 2023 година, откако нејзината инвазија на Украина предизвика бројни санкции и повлекување на компаниите од земјата, според Институтот за меѓународни финансии, а пренесува Блумберг. Економијата се очекува да се намали за 15 отсто во 2022 година, по што ќе следи пад од три отсто во 2023 година, оставајќи го бруто домашниот производ онаму каде што беше пред 15 години, вели економистот Бенџамин Хилгенсток истакнувајќи дека натамошните санкции можат уште повеќе да ги влошат прогнозите. „Наглиот пад на домашната побарувачка веројатно ќе игра клучна улога,…