Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за НОВА: НАТО ги следи активностите на Русија во регионот чија цел е да го поткопаат угледот на НАТО и ЕУ

0
By Соња Крамарска on March 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 25, 2022 18:04

На состанокот на шефовите на држави и влади што се одржа во Брисел се разговарало и за заканите по стабилноста и безбедноста на Балканот со оглед на активностите кои ги превзема Русија во регионот а во контекст на актуелната криза а со цел да се поткопа кредибилитетот на евроатлантските институции.
-На состанокот на Северно-атлантскиот совет посочив дека внимателно се идентификувани и се следат агресивните активности на Русија и во регионот на Западен Балкан, и дека тие имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ, да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот- изјави за НОВА, премиерот Димитар Ковачевски.

Во тој контекст премиерот како што вели во неговата изјава за НОВА, ја нагласил потребата од поактивана улога на НАТО и ЕУ за да се стесни просторот за интензивното руско влијание.
-Затоа укажав дека НАТО и ЕУ мора да го задржат кредибилитетот на своите политики во регионот за дополнително зајакнување на безбедноста и за затворање на вакуумот кој Русија го користи за да влијае. Потсетив дека политиката на отворени врати на НАТО беше историски успех кој обезбедува траен мир и безбедност на целиот европски континент, наспроти отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива за Западен Балкан која може да има повеќекратни негативни тенденции, – вели за НОВА Ковачевски.

Во таа смисла нагласена е потребата за одлука која ќе овозможи што поскоро Македонија и Албанија да започнат преговори за членство.
-Ние докажавме дека и во овој случај Северна Македонија целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се придружи кон значителниот пакет санкции против Русија и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, вели премиерот во изјавата за НОВА.

Според премиерот најзначајна придобивка од овој самит е единството кое го демонстрирала Алијансата во однос на стратешките интереси.
– Како премиер на земја која како рамноправна членка на НАТО учествува со еднаква тежина и учество во донесувањето одлуки на најсилниот безбедносден сојуз, како посебно значајна ја оценувам одлуката да се зајакне источното крило на НАТО со дополнителни воени единици. Заедно со веќе распоредените трупи во Балтичките земји, во Полска и Чешка, станува збор за сериозен чекор, кој согласно договорот од Вашингтон, е во насока на заштитата на територијалниот интегритет на земјите членки долж целата источна граница на НАТО, изјави премиерот Ковачевски за НОВА. (Б.Ј.)

Димитар Ковачевски НАТО самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.