Градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочовски објави дека општината ќе доделува по 3.000 денари за секое новороденче. „Утрово потпишав Решенија за доделување на финансиски средства во висина од по 3.000 денари како еднократна парична помош за секое новороденче во општина Вевчани“, објави тој на социјалната мрежа Фејсбук.

„Да се живи и здрави, а во иднина посакувам што повеќе вакви решенија да потпишувам“, вели градоначалникот.