Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путиновата војна ќе стопи 15 години напредок на руската економија

0
By Соња Крамарска on March 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 25, 2022 11:15

Економскиот напредок што Русија го постигна во последните 15 години може да исчезне до крајот на 2023 година, откако нејзината инвазија на Украина предизвика бројни санкции и повлекување на компаниите од земјата, според Институтот за меѓународни финансии, а пренесува Блумберг.

Економијата се очекува да се намали за 15 отсто во 2022 година, по што ќе следи пад од три отсто во 2023 година, оставајќи го бруто домашниот производ онаму каде што беше пред 15 години, вели економистот Бенџамин Хилгенсток истакнувајќи дека натамошните санкции можат уште повеќе да ги влошат прогнозите.

„Наглиот пад на домашната побарувачка веројатно ќе игра клучна улога, додека падот на увозот треба да се компензира со помал извоз, што би довело до маргинално позитивен придонес на нето странската побарувачка“, анализираат економистите. „Сепак, доколку се воведат дополнителни трговски санкции, извозот би можел да падне под она што го предвидуваат експертите“, додаваат.

Руската инвазија на Украина го поттикна падот на рубљата и ги фрли глобалните ланци на снабдување и цените на стоките во хаос, а исто така предизвика масовно повлекување на компаниите од земјата. Францускиот производител на автомобили Renault SA е меѓу последните компании кои се повлекоа, кој најави дека ќе престане со работа во својата фабрика во Москва и предупредува дека иднината на AvtoVAZ е неизвесна.

Покрај директниот удар врз руската економија, земјата со години ќе трпи и од таканаречениот „одлив на мозоци“ – егзодусот на образованите Руси од средната класа со финансиски средства да ја напуштат земјата – и од извозот од САД и ЕУ на технологија, вклучително и микроелектрониката кои можат со години да го попречат технолошкиот развој во Русија.

Истовремено, „самосанкционирањето“ на странските компании кои повеќе не сакаат да работат со Русија ќе ги ослабне важните сектори на руската економија, се вели во извештајот.

„Негативниот ефект врз среднорочните и долгорочните економски изгледи може да биде уште попогубен“, пишуваат економистите.

 

 

15 години напредок руска економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.