Author: Соња Крамарска

„Советот на јавни обвинители не врши казнување. Изјавата на обвинителката Ленче Ристоска треба да биде пратена во Етичкиот совет во ЈО и истите да се произнесат дали има прекршување на етичкиот кодекс. Откако ќе го добиеме мислењето, ќе закажеме посебна седница, на која ќе донесеме конкретна одлука“, рече денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски. Тој потенцира дека како совет не сакаат да бидат во кош со сите останати. „Паушалното изнесување му штети на угледот на Обвинителствоти и обвинителите кои се избираат од овој Совет. Изнесувањето на работи дека се вршело влијание врз одредени обвинители, треба да се…

Read More

Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица денеска официјално ја промовираа верзијата за iOS уреди на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид на македонски и албански јазик, симболично наречена „Кико и Хана“, која им овозможува пишан текст да слушнат и разберат во аудио верзија. Секретарот на Националниот сојуз на слепи, Глигор Самарџиски истакна дека „Кико и Хана“ во изминативе речиси три години станаа дел од секојдневието на сите лица со оштетен вид во нашата држава и веќе ја користат над 2.000  луѓе. „Нив ги користеа…

Read More

Седницата на Судскиот совет која беше закажана за во 11 часот од страна на заменик-претседателот Селим Адеми, е одложена за 13 часот. На седницата, според планот на потпретседателот, треба да се избере нов претседател на највисокото судско тело откако вчера во негова режија беше извршен пуч на претседателката Весна Дамева која експресно беше сменета од претседателската функција. Дел од присутните новинарски екипи кои пред зградата пристигнаа порано од 11 часот, за кога беше закажан почетокот, од отворените прозорци каде се наоѓаат просториите на Судскиот советслушнале караници и обвинувања дека „ова е анархија”, и „не може ова вака“. Начинот на кој…

Read More

Синоќа во Солун, за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале. Иако без демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот. За инцидентот известени се и генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи. Во…

Read More

По пучот врз претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, заменикот-претседател Селим Адеми за денеска во 11 часот закажал и седница, со назнака „итна“ на која ќе се избира нов претседател на Судскиот совет. Експертите предупредуваат дека со ваквиот развој на настаните се кршат член 36 од Законот за Судски совет и членот 8 од Деловникот, кој признава одлука со минимум 8 гласови, а Дамева беше разрешена со гласови на седум членови на Судскиот совет. Дополнително, Деловникот вели дека предлагач не смее да гласа, што значи Дамева вчера била разрешена всушност со 6 гласа, бидејќи тој на Адеми како предлагач, е…

Read More

Работодавачите во индустријата и услужните дејности во Европската унија во 2022 година плаќале просечно по 30,50 евра за час работа, а најскапите трошоци за час за работа во Луксембург биле 50,90 евра. Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) денеска соопшти дека Германија со просечна цена на час од 39,50 евра се наоѓа на седмото место меѓу 27-те членки на ЕУ. На тоа место е од 2019 година. Просекот во 20-те земји-членки на ЕУ кои го користат еврото како заедничка валута беше 34,30. Веднаш зад Луксембург според трошоците за работна сила на час е Данска, со 46,80 евра, а по неа…

Read More

Работната група за подготовка на предлогот за уставни измени ја одржа првата уставна седница, а за нејзин претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За потпретседател е избран Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. Предлагач на статутарните измени ќе биде Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. Работната група ќе има задача да го подготви предлогот за иницијативата за потребата од промена на Уставот. По изготвувањето на предлогот, ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја достави иницијативата…

Read More

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2022 година. ,,Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за 8. Од вкупно 1.354 институции, 60% се на локално ниво а 40% се на централно ниво. Најголем број, односно 533, се од дејноста образование, труд и социјала 125, култура 121. Споредбено со извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е…

Read More

Заменик претседателот на Судски совет, Селим Адеми ја разреши од функција претседателката Весна Дамева. На денешната седница, Адеми повика на гласање за нејзино разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата. За утре во 11 часот е закажана седница за избор на нов претседател на Судски совет. Уште од почетокот на денешната седница, состојбата во салата беше тензична. Заменикот Адеми ја нападна Дамева оти две недели го криела писмото од амбасадорката на САД во земјава, а таа се оправда дека била на одмор. Според…

Read More

Тоа се прашања за судиите коишто работат и за оние кои управуваат со работата на судиите, рече премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за писмото на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Во писмото кое на 11 април Агелер го испратила до судските и извршните органи таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Самит Македонија2025, Ковачевски рече дека мора да се разграничи дека во државата има поделба на власта на извршна – Владата, законодавна…

Read More

На денешната седница на Судскиот совет потпретседателот Селим Адеми побара претседателката Весна Дамева да биде разрешена. Тој обвини дека таа го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер и не го покажала пред останатите членови на Советот. Дамева, пак, се бранеше дека била на одмор, и рече дека тој како нејзин заменик требало да го даде на увид писмото пред останатите колеги. Дамева настапи со контраобвинување велејќи дека Адеми има други мотиви за нејзино разрешување. „Претседателке, нè ставивте во заблуда затоа што писмото од амбасадорката на Америка не ни е доставено на време туку по две недели. Кој го криел…

Read More

Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Северна Македонија а придобивките од неговата изградба се огромни, порача денес Министерството за транспорт и врски среде политичките препукувања околу оваа инвестиција. Министерството уште еднаш нагласи дека поврзувањето на земјата со регионот и Европа, што ќе го овозможат коридорите, обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните и трговски партнери. „Ова значи и обезбедување на нови работни места за нашите граѓани бидејќи трасите…

Read More