Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во јавниот сектор вработени 129 илјади лица, а од 2021 има и осум институции повеќе

0
By Соња Крамарска on April 26, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 26, 2023 16:09

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2022 година.

,,Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за 8. Од вкупно 1.354 институции, 60% се на локално ниво а 40% се на централно ниво. Најголем број, односно 533, се од дејноста образование, труд и социјала 125, култура 121.

Споредбено со извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2.714“, истакна министерот Алиу.

Од вкупниот број, 18.909 лица биле вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. Освен како бројка, за овие вработени лица во Извештајот не се прикажуваат други детални анализи и тоа е поради законски и безбедносни причини. Детална обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 110.465 вработени лица.

Најголем процент на вработени во јавниот сектор се во дејноста образование и тоа со 34%, потоа во дејноста здравство 18%, управа 13%, комунални работи 9%, труд и социјала 7%, локална власт 5%, транспорт и култура по 3% итн.

Како што посочи министерот Алиу, во органите на државна власт, согласно овој извештај, се вработени вкупно 14.531 лица што претставува 13% од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор. Споредбено со податоците во Извештајот за 2021 година, бројот на вработени во државната власт е намален за 771 лице. Само од министерствата во претходната година бројот на вработени е намален за 302 лица.

Како и во претходните години така и во овој извештај се покажува дека поголем број вработени во јавниот сектор се жени и тоа 56,29%, наспроти мажите кои се застапени со 43,71отсто.

Просечната возраст на вработените изнесува 46,03 години и во однос на претходниот Извештај за 2021 година, се забележува незначително намалување на просечната возраст на вработените.

Во однос на етничката припадност, на 31 декември 2022 година состојбата била следна: 110.465 вработени, од кои 78.833 односно 71,36%  Македонци, 23.855 односно 21,60% се Албанци, 2.675 односно 2,42% се Турци, 1.651 односно 1,49% се Роми, 1.542 односно 1,40% се Срби, 813 односно 0,74% се други или не се изјасниле, 569 односно 0,52% се Бошњаци и 527 односно 0,48% се Власи.

Министерот Алиу исто така соопшти дека во 2022 година е намален бројот на доктори на науки и на магистри, а на сметка на тоа е зголемен бројот на вработени со основно образование. Повеќе од половината, односно 55,85% од вработените лица во јавниот сектор имаат најмалку високо образование.

Азир Алиу вработени јавен сектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.