Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува фарсата во Судскиот совет: По пучот врз Дамева, денес експресно избор на нов претседател?

0
By Соња Крамарска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Весна Дамева и Селим Адеми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 27, 2023 10:37

По пучот врз претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, заменикот-претседател Селим Адеми за денеска во 11 часот закажал и седница, со назнака „итна“ на која ќе се избира нов претседател на Судскиот совет. Експертите предупредуваат дека со ваквиот развој на настаните се кршат член 36 од Законот за Судски совет и членот 8 од Деловникот, кој признава одлука со минимум 8 гласови, а Дамева беше разрешена со гласови на седум членови на Судскиот совет. Дополнително, Деловникот вели дека предлагач не смее да гласа, што значи Дамева вчера била разрешена всушност со 6 гласа, бидејќи тој на Адеми како предлагач, е невалиден.

Уште повеќе,  законот не предвидува процедура за разрешување на претседател на Судскиот совет. Во членот 36, став 1 од Законот за Судскиот совет набројани се надлежностите на Советот и притоа стои дека тој може да одлучува само за дисциплинска одговорност на член, но не и за разрешување на претседател. Престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет пред неговиот истек е можен само ако постои престанок и на неговиот мандат како член. Значи, Дамева требало првин да направи прекршок, па да ѝ биде покрената дисциплинска постапка со формално образложено барање поткрепено со докази, доставено од кој било член на Советот или од најмалку 20 судии. Ништо од оваа законска процедура вчера не беше испочитувано.

Вчера и Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше дека за Дамева да биде разрешена од позицијата  требало да биде разрешена од член на Судскиот совет, а за тоа, потенцираа, е потребна соодветна процедура за дисциплинска постапка во која, кога ќе дојде до разрешување се потребни осум гласа „за“ не сметајќи го оној на предлагачот. И според нив, за да се изрече дисциплинска мерка или разрешување треба да има формално образложено барање поткрепено со докази и истото да се достави од кој било член на Советот или најмалку 20 судии.

„На ваквото барање, членот против кого се однесува, може да достави одговор во рок од 8 дена од денот на добивање на барањето со доказите, по што во рок од 2 дена претседателот, односно заменик-претседателот на Советот ги доставува материјалите до останатите членови и закажува седница на која ќе се расправа по барањето. По ова, за да може да се донесе одлука за разрешување на член на Советот, за истата мора да гласале најмалку 8 члена со право на глас, при што мора да гласале за разрешувањето и најмалку двајца членови избрани од Собранието на РСМ, а притоа членот за чија одговорност се одлучува и членот кој е подносител на барањето, не учествуваат во гласањето“, нагласуваат од Коалицијата.

Поради ова, сметаат тие, во вчерашниот случај разрешувањето е неосновано бидејќи немало постапка за Дамева да се разреши како член, а и одлуката наместо со осум е донесена со седум гласа „за“ меѓу кои и на иницијаторот Адеми.

 

 

Весна Дамева пуч разрешување Селим Адеми Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.