Author: Соња Крамарска
Акционерите на швајцарската банкарска групација Credit Suisse во САД поднесоа тужба против самата финансиска корпорација и нејзиниот менаџмент, обвинувајќи ги за кршење на американските закони за хартии од вредност, објавија голем број медиуми. „Жалбата за колективна постапка за прекршување на федералните закони за хартии од вредност од страна на поединци и ентитети кои стекнале или на друг начин добиле сметки за американски депозитар на Credit Suisse помеѓу 10 март 2022 и 15 март 2023 година“, се вели во тужбата поднесена во средата во Окружниот суд во Њу Џерси. Според поднесокот, тужителите ја обвинуваат банката дека ги довела во заблуда инвеститорите…
Бугарија со зголемена загриженост ги следи случувањата во Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. „На 16 март годинава Комисијата за употреба на лични имиња во Северна Македонија даде негативно мислење за употребата на името на Иван Михаилов од страна на здружението Центар за култура „Иван Михаилов“ – Битола. Врз основа на ова решение, министерот за правда Кренар Лога потпишал решение со кое барањето за добивање одобрение за употреба на името Иван Михаилов е одбиено со причините наведени во мислењето на Комисијата. Централниот регистар во Северна Македонија…
Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави Габриел Ескобар денеска престојува во Приштина. Тој ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со приштинскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфц. Ескобар престојува во Приштина во пресрет на утрешната средба во Охрид. Во рамките на посетата се планирани средби со лидерите на косовските институции. Средбата со Вјоса Османи започнува во 9:00 часот, по што се закажани изјави за медиумите. Ескобар вчера пристигна во Приштина, а во текот на вечерта се сретна со претставници на опозицијата.
Со петиција на интернет „Огнената група“ на ДУИ вели дека ќе почне обид за разрешување на Артан Груби и на владини министри. Ова вчера го најави претставникот на групата Изет Меџити по собирот со граѓани за кој рече дека покажува огромна бројка на незадоволни во ДУИ. „Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето,…
В сабота, македонскиот туристички град Охрид ќе биде центарот на случувањата во Западен Балкан. Непомирливите Вучиќ и Курти, доаѓаат на рунда дијалог, зачинета со охридска пастрмка, но и со редовна доза предупредувачки пораки од Брисел и Вашингтон чии стратези ако досега не слушнале за Охрид, имаат два дена да го најдат на географската карта и преку google-earth да го спуштат погледот на претседателската вила „Билјана“ каде ќе се случува историската средба. Во улогата на секундант е никој друг туку лично Жозеп Борел, еврокомесарот за проширување и соседска политика и потпретседател на Европа. Тоа доволно говори за важноста на случувањата во…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Не знам драги пријатели за вас, ама последно време многу „јаки фаци“ се намножија како јутјубери (така ли се нарекува оваа категорија?), „светски, а домашни предавачи“, луѓе кои знаат сè за историја, филозофија, бизнис, економија, а не знам дали приметувате: најгрлатите за своите компетенции, звања од типот на „м-р.“ и „д-р.“, сите од ред десничари и ултраконзервативни типчиња и типки, без разлика на кое годиште припаѓале. Кога ги најавуваат, дури не мора да се и тоа, туку се чувствува таа лажна надменост, практично им се гледа во очите; или поточно кога самите себе се најавуваат, човек добива впечаток…
Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека смета дека е сосема можно оваа година да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Ескобар, одговарајќи на прашање на новинар на Еуроњуз Србија, дали би се осмелил да процени кога може да се очекува конечен договор за нормализација, рече дека би сакал тоа да се случи оваа година и прецизираше: „Оваа календарска година. И мислам дека е сосема можно“. Тој исто така посочи дека „овој договор не е нешто од што треба да се плашиме“…
Лајчак на онлајн форум организиран од Италијанскиот институт за меѓународни политички студии рече дека сега геополитичката ситуација е променета и дека улогата на ЕУ на Западен Балкан е повеќе стратешка и политичка. „Многу е важно да ја пренесеме пораката дека ЕУ сега е поподготвена за Балканот, веројатно повеќе отколку што е Балканот подготвен за ЕУ, затоа е исклучително важно да се разбере дека вратата сега е повторно отворена“, рече Лајчак на онлајн конференцијата „Европа и Русија на балканскиот фронт“. Кога станува збор за претстојната средба со лидерите на Србија и на Косово во Охрид, Лајчак оцени дека „прифаќањето на европскиот…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира одгледувачите на бројлери и несилки дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), денес изврши исплата на 80,6 милиони денари кон 35 баратели, директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети. Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле. Од оваа исплата Агенцијата за финансиска поддршка ја започнува сеопфатната исплата…
Банкарскиот гигант Credit Suisse соопшти дека ќе позајми до 50 милијарди франци (54 милијарди долари) од швајцарската централна банка за да ги зајакне своите финансии. Credit Suisse соопшти дека презема решителни активности за да ја зајакне својата ликвидност, додека акциите на банката вчера паднаа за 24 отсто, откако соопшти дека нашла „слабост“ во своето финансиско известување. Тоа предизвика општа распродажба на европските пазари и страв од поголема финансиска криза, наведува Би-Би-Си.
Денеска во официјална посета на земјава ќе пристигне високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. Тој во земјава ќе биде три дена, од кои утре и задутре ќе ги помине во Скопје, а в сабота ќе биде во Охрид. Во Скопје, како што е најавено, тој ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија, кој треба да се одржи утре, додека денеска треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски. Во неговата агенда се средби и со претседателот Стево…
Идеално би било собраниската процедура за уставните измени да започне пред летото, некаде во јуни, со цел целата постапка да биде спроведена во еден инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени повеќе експерти и опозицијата, изјави денеска во Брисел вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. „Владата на вчерашната седница го отвори ова прашање и мислам дека под водство на Министерството за правда ќе започне еден консултативен процес, со којшто во наредниов период, во наредниве неколку дена или не повеќе од две-три недели, ќе се формулираат уставните амандмани во еден инклузивен процес со повеќе експерти, дури мислам дека ќе биде повикана…
