Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарско МНР: Името на Иван Михајлов не е закана

0
By Соња Крамарска on March 17, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 17, 2023 10:26

Бугарија со зголемена загриженост ги следи случувањата во Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

„На 16 март годинава Комисијата за употреба на лични имиња во Северна Македонија даде негативно мислење за употребата на името на Иван Михаилов од страна на здружението Центар за култура „Иван Михаилов“ – Битола. Врз основа на ова решение, министерот за правда Кренар Лога потпишал решение со кое барањето за добивање одобрение за употреба на името Иван Михаилов е одбиено со причините наведени во мислењето на Комисијата.

Централниот регистар во Северна Македонија соопшти дека донел решение со кое е одбиено барањето за помирување за името на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Одлуките што денеска ги донесоа властите во Северна Македонија се директно поврзани со степенот на демократизација во земјата. Тие се во спротивност со заложбите на Скопје во областа на човековите права и обврската да обезбеди еднакви права и слободи за сите граѓани, вкучително и за оние кои се дефинираат како Бугари.

МНР потсетува дека во 2009 година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Северна Македонија за повреда на чл. 11 (право на здружување). Во одлуката на судот се наведува дека името на здружението „Радко“ (псевдоним на Иван Михаилов) само по себе не може да се земе како ризик и закана за јавниот ред“, соопшти бугарското МНР.

Централниот регистар на Северна Македонија достави околу 17.000 невладини организации на разгледување до Министерството за правда. Во законскиот рок, негативни решенија за користење на имињата избрани од нивните основачи добија Здруженијата „Иван Михаилов-Битоли и „Цар Борис III“ од Охрид.

„Овој факт покажува дека набрзина донесените и без јавна дискусија измени во Законот за здруженија и фондации, со можност за ретроактивна примена, се направени со една единствена цел, а тоа е бришење од Централниот регистар на две организации на Бугарите во Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

„Настаните од вчера уште еднаш ја покажуваат потребата да се постигне објективно толкување на историските настани и личности од заедничката историја меѓу Бугарија и Северна Македонија. За таа цел беше формирана Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Денеска сме сведоци како едностраните и пристрасни толкувања на историските настани можат да се користат како аргумент врз основа на кој властите носат одлуки за ограничување на основните права и слободи“, реагира Софија.

„Иван Михајлов“ бугарски клубови во Северна Македонија мнр. бугарија централен регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.