Author: Соња Крамарска

Градот Загреб почна да ги менува имињата на улиците „именувани по функционери или лица блиски до усташката НДХ“, пишува денеска „Јутарњи лист“.Пред неколку дена до Градското собрание беше испратен предлог за промена на имињата на четири улици во поширокото градско подрачје кои ги носат имињата на Филип Лукас, Владимир Арко, Антун Бонифачиќ и сараевскиот архиепископ Иван Шариќ. Преименувањето беше побарано од Светскиот еврејски конгрес, невладиното здружение Документи, историчарите Иво Голдштајн и Хрвоје Класиќ, како и Ерол Шеху, кој изјави дека Лукас, Арко, Шариќ и Бонифачиќ биле „истакнати соработници на нацифашистичкиот, марионетски и антицивилизациски режим на НДХ“. „Јутарњи лист“ наведува дека…

Read More

Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје која е меѓу училиштата во главниот град кои денеска наутро добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, по што учениците од првата смена, како и во други наврати досега, се евакуирани од објектот. За да не се губат часови, учениците треба за еден час,…

Read More

Зголемувањето на бројот на западните влади кои ја забрануваат и ограничуваат употребата на апликацијата TikTok доаѓа во време на докази дека кинеските технолошки компании придонесуваат во собирањето разузнавачки информации на Комунистичката партија, особено кога станува збор за високи политички фигури и функционери. На сите вработени им беше наредено да ја отстранат апликацијата од нивните работни уреди, како и од нивните лични уреди доколку имаат апликации поврзани со работата на нив. Вработените можат да го задржат TikTok на нивните лични уреди доколку ги избришат сите апликации поврзани со работата, објави Politico. Другите европски институции, вклучително Советот и Парламентот, најверојатно ќе следат…

Read More

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека на новинарот Драган Павловиќ – Латас привремено му се одзема патната исправа како и му се воведува забрана за јавен настап, со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал. Од друга страна, на влогерот Стефан Лазаров исто така му се воведува забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал. Одлуката на судот доаѓа откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) покрена обвинение против двете лица за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Од судот велат дека…

Read More

Министерството за економија во моментот работи на дизајнирање на нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Економски магазин“ на Телевизија Алсат. Како што кажа министерот, Министерството за економија имаше неколку средби со Стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи, од каде произлезе заклучокот дека Владата треба да преземе соодветни мерки…

Read More

Собранието денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, ги разреши министерите од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. „За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани. Денешното гласање воедно беше и прв тест за бројната состојба на владиното мнозинство со оглед на шпекулациите деновиве дека се осипало под критичните 61 пратеник. Пратениците ја почнаа расправата по втората точка,  за изборот на новите министри предложени од…

Read More

Вчера на сцената на Народниот театар „Иван Вазов” во Софија, настапи познатата македонска артистка од Драмски театар-Скопје, Билјана Драгичевиќ-Пројковска. Таа беше дел од претставата „Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов. Со својата исклучителна дарба и чувство за хумор, Пројковска беше бурно поздравена од преполниот салон и неколку пати со аплаузи на отворена сцена. Во извонредна атмосфера оваа претстава на познатиот режисер Морфов ја потврди големата уметничка вредност на драмата на Николај Ердман и одличниот актерски ансамбл на НТ “Иван Вазов”, предводен од големата актерска звезда на бугарското глумиште Камен Донев. Претходниве денови Пројковска непотребно стана „случај“. Директорот на софискиот Народен театар „Иван…

Read More

„Нашите политички активности и калкулации не треба да ги ставаме пред интересите на граѓаните, а опозицијата токму тоа го прави. За граѓаните да бидат поупатени, организирањето на една пленарна седница во Собранието чини околу 55 илјади евра, пари на граѓаните“, рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“. Тој додаде дека опозицијата со неодговорното одлговлекување и зборување за се и сешто, освен за тоа што треба се однесува неодоговрно и кон Собранието и кон граѓаните. „Опозицијата се обидува да ја закочи постапката и работата на Собранието. Причина за тоа е што на крајот на минатата година, нивниот лидер имаше…

Read More

Бугарската Влада донесе одлука да го задолжи регионалниот управник на Благоевград да иницира проектирање и изградба на граничниот премин „Струмјани-Берово“. Како што јави Њуз.бг, изградбата на граничниот премин меѓу Берово и бугарската општина Струмјани е предвидена како стратешкиот проект во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Бугарија – Северна Македонија за периодот 2021-2027 година. Согласно владината одлука, регионалниот управител на Благоевград, Стојан Христов треба да го спроведе проектирањето, изградбата и пуштањето во употреба на новиот граничен премин. Со одлука на бугарската Влада кон крајот на декември минатата година буџетот наменет за изградба на граничниот премин „Струмајни-Берово“ беше зголемен од…

Read More

Зборувајќи за економската состојба на Северна Македонија, вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за ТВ Шења рече дека да се каже дека е многу добро, нема да биде одраз на реалноста. Тој рече дека сме во многу тешка ситуација поради кризите што ја зафатија не само нашата земја, туку и регионот и континентот Европа. „Имајќи предвид дека оваа Влада датира од август 2022 година, кога пандемијата  беше на својот врв, потоа во 2021 година кога мислевме дека ќе биде економско закрепнување, почнаа првите знаци на енергетската криза, цела 2022 година со енергетска криза, економска и прехранбена криза, бидејќи синџирот на снабдување…

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Шефот на парламентот, највисоката институција на државата, Талат Џафери, денес нервозно ќе извика – и моето дете треба да има права како и сите други луѓе, осврнувајќи се на бурните реакции во јавноста откако „детето“ Барлет, завршен слушател на Академијата за судии и обвинители, стана потенцијален извршител на една од најважните функции во државата – судска и обвинителска. Прашање на денови е кога Барлет ќе ја облече судиската или обвинителската тога и ќе почне со правораздавање – дисциплината по која Македонија не само што не се прослави, туку стигна до дното со 5-6 отсто доверба кај јавноста. Верува…

Read More

Турција очекува САД да вратат 1,4 милијарди долари за купување на борбени авиони Ф-35 од петтата генерација. Ова го изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу при неодамнешната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Чавушоглу изјавил дека Турција префрлила средства за набавка на борбени авиони Ф-35 од петтата генерација, но никогаш не ги добила. „Ние бевме отстранети од оваа програма. Во исто време веќе префрливме 1,4 милијарди долари. Враќањето на оваа сума е природно очекување на Анкара. Очекуваме скорешна одлука“, рече турскиот министер. Од своја страна, американскиот државен секретар рече дека во национален и безбедносен интерес на САД…

Read More