Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Укинување на субвенционирана струја за компании кои не ги намалија цените

0
By Соња Крамарска on February 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 23, 2023 13:08

Министерството за економија во моментот работи на дизајнирање на нови мерки со цел намалување на цените на основните прехранбени производи. Мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи целосно се почитува од трговците, но голем дел од прехранбените компании кои користат субвенционирана струја од државата не ги намалиле цените, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Економски магазин“ на Телевизија Алсат.

Како што кажа министерот, Министерството за економија имаше неколку средби со Стопанските комори, особено со компаниите кои се најголеми производители на основни прехранбени производи, од каде произлезе заклучокот дека Владата треба да преземе соодветни мерки во делот на електричната енергија со единствена цел да им помогне на производителите на основни прехранбени производи и да влијае на намалување на цените на основните производи како лебот, маслото, тестенините и така натаму, особено млекото.

„Значителен дел на домашни компании со кои имавме џентлменски договор за жал не го почитуваа договорот. Ние како Министерство за економија добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат, до крајот на овој месец очекуваме и конечен извештај. Според прелиминарните податоци, значителен дел на компаниите кои се над 250 и кои ја користат мерката за субвенционирање на електрична енергија, над 60-70% од нив не ја почитувале истата одлука и ги имаат истите цени на производите кои ги имале во ноември пред да стапи на сила одлуката за субвенционирање на електрична енергија“, рече Бектеши.

Според Бектеши, што се однесува за мерката за ограничување на профитната маржа која што исто така беше донесена за намалување на цените на прехранбените производи, истата се почитува кај сите трговци.

„Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и прави контроли кај сите компании кои што користат субвенционирана струја. Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачи оние кои ги прекршуваат одредбите ќе бидат санкционирани, па дури и може да бидат затворени“, кажа министерот Бектеши.

Тој рече дека за субвенционирање на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор досега се одвоени  околу 1,2 до 1,3 милиони евра, средства кои може да се користат за други мерки посебно за граѓаните кои имаат најголема потреба.

„Во моментов со Министерството за финансии дизајнираме нови мерки. Наместо да ги субвенционираме одредени компании кои не ги почитуваат одредбите договореното, тие средства во Буџетот кои се определени за антикризни мерки да ги пренамениме во намалување на одредени давачки, било тоа да е царина или други давачки и на тој начин да влијаеме на намалување на цените“, додаде Бектеши.

Министерот потенцираше дека мерката за субвенционирање на струјата на основните и средните училишта и за јавните комунални претпријатија ќе остане, а за компаниите предлогот на Министерството за економија е истата да се укине.

Во однос на цената на електрична енергија, министерот најави дека се анализира можноста да се врати евтина тарифа на електрична енергија два часа преку ден. Враќањето на евтината тарифа на струја преку ден ја чини државата околу 15-16 милиони евра годишно, средства кои сега, рече, се пренаменети за други мерки за поддршка на граѓаните.

Алсат Крешник Бектеши субвенционирана струја цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.