Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во моментов ги анализира барањата поднесени од енергетските компании за цената на електричната енергија на регулираниот пазар за наредните шест месеци што ќе важи од 1 јули годинава и како што најавува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ќе се обидат и годинава да бидат креативни со цел да се избегне ценовен шок. „Барањата се дојдени, ние ги анализираме и во најголем дел сме завршени со анализите за МЕПСО, а завршени сме и за ‘Електродистрибуција’, но останува најбитниот дел цената со која ‘Електродистрибуција’ ќе ги купи загубите на електрична енергија на тендерот кој…
Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Милан Ристовски би можел од следната сезона да го носи дресот на членот на втората Бундес лига, Ханза Росток, објавија денеска германските медиуми. Според порталот „хиспорт.де“, германскиот второлигаш разгледуваа опции за засилување на напаѓачката линија и постои интерес за услугите на 25-годишниот македонски репрезентативец. Ристовски има договор до јуни идната година со словачкиот прволигаш Спартак Трнава, во чии редови на 38 натпревари постигна четири голови и исто толку асистенции. Во македонскиот дрес Ристовски досега одигра 18 натпревари од дебито во 2021 година.
Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека црната листа на САД ќе се проширува и дека покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, но не може да прецизира кога ќе биде донесена. „Овој процес на назначување трае подолго и е процес кој внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и се што е утврдено. Има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и на разгледување и откако ќе се утврдат сите факти ќе се донесе одлука. Не можам точно да кажам за временските рокови кога би…
Се уште трае потрагата по подморницата „Титан“ со пет патници, која беше изгубена некаде во пространствата на Атлантскиот Океан, на пат кон остатоците од Титаник. Покрај мрачната вода и тешките услови, ниту времето не е сојузник на спасувачите – се верува дека во подморницата има доволно кислород за да издржи до четврток наутро. Најновата вест е дека канадските воени служби откриле подводни звуци во оддалечен дел од Северен Атлантик. Дури имаше и шпкекулации дека се слушало како несреќните патници удирале по внатрешните ѕидови на подморницата во надеж дека некој ќе ги слушне. Сепак, во соопштението на американската крајбрежна стража не…
Ставањето на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на црната листа на САД, потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт, изјави Ковачевски. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски денеска од Виница упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат до информации за струшкиот градоначалник. „Наводите што се наведени за ставање на црната листа на градоначалникот на Струга, се сериозни. Се работи за неколку основи. Нашите истражните и правосудни органи треба да ги испитаат наводите што се наведени во соопштението од Стејт Департментот и да се запрашаат како САД дошле до…
Некогашниот еврокомесар за проширување Оли Рен кој е сега гувернер на Централната банка на Финска, најави дека има намера да се кандидира за претседател на својата земја следната година, јавија британските медиуми. Шеесет и едногодишниот Рен, кој е и член на Управниот совет на Европската централна банка, појасни дека доколку му биде одобрена кандидатурата, тој ќе замине на одмор и нема да учествува во изборната кампања како службено лице. Пред да влезе во претседателската трка, неговата кандидатура мора да собере 20.000 потписи. „Ако, се надевам, бидам номиниран за претседателски кандидат, ќе се пријавам за отсуство,“ рече Рен на прес-конференција. Пека…
Соединетите Американски држави ја интензивираа политиката кон регионот. Во само неколку дена, практично вчера и денес, од Вашингтон пристигнаа повеќе мерки кои се однесуваат на влошената ситуација во регионот и потребата од итна реакција. Причина за ваквите чекори на САД несомнено се состојбите меѓу Косово и Србија во чии односи Западот ги вложи сите свои капацитети за нивно решавање, како и односите меѓу Македонија и Бугарија кои ја кочат евроинтеграцијата на нашата земја за чие продолжување треба парламентот да ги изгласа уставните измени на кои пак им се противи опозицијата. На сето тоа се додава и корупцијата која е главен…
Се надевам дека ова ѝ помага на Владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Албанската редакција на Гласот на Америка. Тој одговараше на прашањето дали очекува политички последици откако САД на 20 јуни го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција. Стејт департментот соопшти дека Мерко додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна…
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) денеска повторно ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија на протераните архиереји од таканаречената расколничка црква предводена од Јован Вранишкоски. Станува збор за протераните Јован, Јоаким, Марко и Давид и тие отсега ќе бидат повторно во старото црковно јато од каде заминаа по бурните настани од 2002 година со прогласувањето на новата црква на Вранишкоски и неговиот прогон од страна на црковните и политичките власти. Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да ја предводи митрополитот Јован, со титула…
Врз основа на лабораториски наоди кои вчера, доцна попладне ги доби Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Институтот за ветеринарна медицина при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питоми свињи во село Петралица, општина Ранковце, кое се наоѓа во високоризичната зона во однос на оваа болест, соопшти попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство. Од Агенцијата појаснија дека станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки. Во текот на денешниот ден е…
Француските истражители денес го претресоа седиштето на организаторите на Олимписките игри во Париз во истрага за сомневање за корупција, според канцеларијата на националното финансиско обвинителство. Организацискиот комитет на Париз во соопштението рече дека е во тек претрес во нивното седиште во предградието Сен Дени и дека „Париз 2024 соработува со истражителите за да ги олесни нивните истраги“. Париз станува третиот по ред организатор на Летните игри вмешан во истрагите што ги водат антикорупциските власти во францускиот главен град. Наводите за купување гласови поврзани со Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година и Игрите во Токио во 2020 година претходно…
Европа се загреала двојно повеќе од глобалниот просек од 1980-тите. Во 2022 година, континентот бил приближно 2,3°C потопол од прединдустрискиот просек (1850-1900 година). Ова е според новиот извештај за состојбата на климата во Европа, изготвен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Канцеларијата за климатски промени Коперник на Европската унија. Во извештајот, објавен вчера, земени се предвид мноштво податоци обезбедени од националните метеоролошки и хидролошки служби, експерти и научници од регионот и светот. Според нив, Европа се чини дека е најбрзо затоплувачкиот континент во светот! Добрата вест нотирана во извештајот е дека за прв пат минатата година, обновливите извори на енергија…