Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трка за живот или смрт: Продолжува потрагата по подморницата „Титан“, воздух уште неколку часа за екипажот и патниците

0
By Соња Крамарска on June 21, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Подморницата капсула „Титан“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 21, 2023 13:35

Се уште трае потрагата по подморницата „Титан“ со пет патници, која беше изгубена некаде во пространствата на Атлантскиот Океан, на пат кон остатоците од Титаник. Покрај мрачната вода и тешките услови, ниту времето не е сојузник на спасувачите – се верува дека во подморницата има доволно кислород за да издржи до четврток наутро.

Најновата вест е дека канадските воени служби откриле подводни звуци во оддалечен дел од Северен Атлантик. Дури имаше и шпкекулации дека се слушало како несреќните патници удирале по внатрешните ѕидови на подморницата во надеж дека некој ќе ги слушне. Сепак, во соопштението на американската крајбрежна стража не се дадени дополнителни детали за тоа од каде мислат дека би можеле да доаѓаат звуците, но веста нуди трошка надеж за семејствата на патниците на подморницата и за сите други кои се надеваат на нивно безбедно враќање.

Во подморницата се Стоктон Раш, основач на компанијата „OceanGate“ која ја организира експедицијата, потоа британскиот милијардер Хамиш Хардинг, татко и син од едно од најбогатите пакистански семејства Шахзада и Сулејман Давуд, како и експертот за Титаник Пол-Анри Наржоле.
Се уште останува прашањето како спасувачките тимови би можеле да стигнат до подморницата, која би можела да биде на длабочина од околу 3.800 метри, во близина на потонатиот брод Титаник.

Весникот „Ролинг Стоун“, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи на САД, наведува дека спасувачките екипи „слушале удирање во областа на секои половина час“. Во подводните несреќи, кога екипажот не може да комуницира со луѓето на површината, тие најчесто се потпираат на удирање, така што радарите на сонарите можат да ги детектираат овие звуци. Сепак, никој од официјалните лица не рече дека тоа е конкретно случајот овде, а што се однесува до звуците, тие може да доаѓаат од многу различни извори.

Три транспортни авиони на американската армија беа искористени за преместување на комерцијалната подморница и поврзаната опрема од Бафало, Њујорк, во Сент Џонс, Њуфаундленд, за да помогнат во потрагата, изјави портпаролот на командата за воздушна мобилност на САД.

Канадската војска соопшти дека обезбедила патролен авион и два површински брода, вклучително и еден специјализиран за нуркачка медицина. Тој, исто така, фрли хидролокатор за да слуша какви било звуци од „Титан“.

Според некои информации, имало значајни предупредувања за безбедноста на пловилото за време на самиот производствен процес.

Дејвид Локриџ, поранешен директор за поморски операции во OceanGate, напишал инженерски извештај во 2018 година во кој се вели дека на подморницата, тогаш во фаза на развој, и требале повеќе тестирања бидејќи патниците би можеле да бидат изложени на ризик кога се „екстремни длабочина“, наведе Асошиетед прес.

Подморницата „Титан“ е дел од мисијата предводена од компанијата „ОушнГејт“, а целта на патниците била да ги посетат и да ги снимат остатоците на познатиот брод Титаник. Бродот „Полар принц“, кој имаше задача да ја следи подморницата, изгубил контакт со неа околу час и 45 минути откако беше спуштена во океанот во неделата.

Во подморницата имало доволно кислород за четири дена, изјави за АП Дејвид Конканон, консултант во компанијата „OceanGate“, што значи дека спасувачите мора брзо да работат, но огромниот океан им ја отежнува работата.

Подморницата е дизајнирана така што може да прими точно пет луѓе, во неа нема столици или седишта, а патниците седат на подот, без чевли, со скрстени нозе. Има мал тоалет напред.

Билетите за мисијата наречена „Titanic Dive Experience 2023“ чинат 250.000 долари и вклучуваат осумдневно патување со нуркање до потонатиот брод Титаник.

Колку е опасна оваа експедиција, сведочи и изјавата на Мајк Рајс, писател и продуцент од Њујорк кој минатата година бил дел од таква експедиција на „Титан“.

„Потпишувате договор за одрекување од одговорност, во кој неколку пати се наведува дека може да умрете на патувањето. На првата страница ја спомнуваат смртта три пати, така што никогаш не престанувате да размислувате за тоа. Додека влегував во подморницата, мислев дека тоа може да биде крајот за мене“, го опиша Рајс своето минатогодишно искуство за Би-Би-Си.

извор: Еуроњуз

подготви: С.К.

 

„Титан“ подморница спасување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.