Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатски промени на дело – Европа се загрева со голема брзина, претстојат екстремни горештини

0
By Соња Крамарска on June 20, 2023 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2023 15:32

Европа се загреала двојно повеќе од глобалниот просек од 1980-тите. Во 2022 година, континентот бил приближно 2,3°C потопол од прединдустрискиот просек (1850-1900 година).

Ова е според новиот извештај за состојбата на климата во Европа, изготвен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Канцеларијата за климатски промени Коперник на Европската унија. Во извештајот, објавен вчера, земени се предвид мноштво податоци обезбедени од националните метеоролошки и хидролошки служби, експерти и научници од регионот и светот. Според нив, Европа се чини дека е најбрзо затоплувачкиот континент во светот!

Добрата вест нотирана во извештајот е дека за прв пат минатата година, обновливите извори на енергија генерираа повеќе електрична енергија од онаа произведена од природен гас. 22,3% од електричната енергија доаѓа од ветер, сончева или хидроенергија, додека само 20% од гас. Иако овие бројки природно варираат од земја до земја, веста е навистина охрабрувачка.

Со години е познато дека поголемата употреба на обновливи извори и извори на енергија со ниска содржина на јаглерод е клучна за намалување на зависноста од природен гас и е критична можност за светот да се прилагоди на климатските промени.

„Рекордниот топлотен стрес што го доживеаја Европејците во 2022 година беше еден од главните двигатели на прекумерните смртни случаи поврзани со временските услови во Европа. За жал, ова не може да се смета за еднократен феномен“, изјави д-р Карло Буонтемпо, директор на Канцеларијата за климатски промени, по повод извештајот.

Се чини дека еволуцијата на климатскиот систем ќе го направи екстремниот топлотен стрес почест и поинтензивен во целиот регион. Според глобалната база на податоци за итни случаи, метеоролошките, хидролошките и климатските настани во Европа во 2022 година резултираа со 16.365 пријавени смртни случаи и директно погодени 156.000 луѓе.

Околу 67% од инцидентите се поврзани со поплави и невреме. Тие предизвикаа и најголем дел од вкупната економска штета од околу 2 милијарди долари.

„Во 2022 година, многу земји во Западна и Југозападна Европа ја имаа најтоплата година досега. Летото беше најжешкото досега, високите температури ја влошија тешката и широко распространета суша, поттикнаа жестоки шумски пожари што доведоа до второто по големина опожарено подрачје во историјата и илјадници смртни случаи поврзани со топлина“, резимира Петери Таалс, генерален секретар на Светската метеоролошка организација.

Годината беше четврта сува по ред на Пиринејскиот Полуостров и трета по ред на Алпите и Пиринеите. Франција го забележа најсушниот период од јануари до септември, а Англија и делови од Белгија од јануари до август од 1976 година. Ова доведе до негативни последици за земјоделството и производството на енергија. Водните резерви на Шпанија до крајот на јули исто така се намалија на 41,9% од нејзиниот вкупен капацитет.

Се предвидува дека ако климатската ситуација продолжи да се влошува, јужна Европа би можела да забележи некои од најголемите глобални процентуални зголемувања при екстремни температури над 40°C и во бројот на последователни сушни денови. Ова, според извештајот, бара строги ревизии на безбедноста на нуклеарните централи во јужна Европа, доколку продолжат да работат.

извор: 24 Часа

подготви: С.К.

Европа Извештај климатски промени Светската метеоролошка организација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.