Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Некогашниот расколник Јован Вранишкоски стана митрополит крушевско-демирхисарски на МПЦ

0
By Соња Крамарска on June 20, 2023 ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: Религија.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2023 16:39

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) денеска повторно ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија на протераните архиереји од таканаречената расколничка црква предводена од Јован Вранишкоски. Станува збор за протераните Јован, Јоаким, Марко и Давид и тие отсега ќе бидат повторно во старото црковно јато од каде заминаа по бурните настани од 2002 година со прогласувањето на новата црква на Вранишкоски и неговиот прогон од страна на црковните и политичките власти.

Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да ја предводи митрополитот Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски, Дељадровско-илинденската епархија – епископот Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски, Делчевско-каменичката епархија – епископот Марко, со титула епископ делчевско-каменички, а епископот Давид го назначи за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ дремвитски.

Со света архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид на 5 јуни овој месец беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со МПЦ-ОА. Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

На денешната седница на Синодот биле разгледни повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што биле усвоени годишните епархиски извештаи, како во земјава, така и во дијаспората. Синодот ја проследил и дејноста на црковните воспитно-образовни институции, при што е распишан и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и Средното богословско училиште.

Светиот архијерејски синод на денешната седница ги разгледал предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост и изразил особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од, како што наведуваат сите верски заедници, кои претставуваат над 95 отсто од населението.

„Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме семејството, а пред сѐ нашите деца“, се вели во соопштението на Синодот.

Во соопштението уште повикуваат во, како што наведуваат, оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да им се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи.

„Заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 точка 5 од Предлог-законот и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони“, нагласува Светиот синод.

С.К.

Македонска православна црква-Охридска архиепископија митрополит расколникот Јован Светиот синод
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.