Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во селото Петралица, Ранковце се појави африканска чума

0
By Соња Крамарска on June 20, 2023 ВЕСТИ
фото: илустрација
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2023 16:11

Врз основа на лабораториски наоди кои вчера, доцна попладне ги доби Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Институтот за ветеринарна медицина при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питоми свињи во село Петралица, општина Ранковце, кое се наоѓа во високоризичната зона во однос на оваа болест, соопшти попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Агенцијата појаснија дека станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки.
Во текот на денешниот ден е донесено Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и е извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.
Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија.
Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во
комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки.

За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат.
По појавата на болеста ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста. Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.

Агенцијата за храна и ветеринарство предупреди дека е забрането чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар.

Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите.

„Бидејќи е време на летни одмори, до граѓаните апелираме да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо, бидејќи станува збор за болест која исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, за која не постои вакцина и која може да нанесе огромни штети во свињарството“, соопшти Агенцијата.

Агенција за храна и ветеринарство африканска чума Петралица Ранковце свињи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.