Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Деведесет експерти и јавни личности во отворено писмо повикаа на преориентација на австриската безбедносна политика, критикувајќи дека државата остана надвор од европскиот фронт против руската инвазија на Украина. Во мај минатата година, 40 експерти побараа преиспитување на безбедносната политика на земјата во отворено писмо до австриската влада. Сега тие се надоврзаа со второ писмо бидејќи ниту една од нивните сугестии не беше спроведена. Меѓу 90-те потписници е и австрискиот политичар и прв потпретседател на Европскиот парламент Отмар Карас (ЕПП). Потписниците велат дека се занемаруваат важни прашања за иднината на Австрија, Европа и меѓународниот поредок, додека Шведска и Финска поднеле барање…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека има намера да ја напушти функцијата есента 2023 година, изјави тој во интервју за Си-Ен-Ен. „Јас заминувам оваа есен. Сигурен сум дека Алијансата ќе најде достојна личност да ме замени“, рече тој. Запрашан дали е подготвен да остане ако го прашаат членките на Алијансата, Столтенберг рече дека не сака да шпекулира за нешто што се уште не се случило. „Фокусиран сум да добијам помош од НАТО за Украина“, рече тој. Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску на 12 февруари за ДПА изјави дека Столтенберг нема намера да го продолжи својот мандат, кој истекува овој…
Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „голем оптимист оти конечниот договор со Србија ќе биде постигнат оваа година“. „Мислам дека следната средба во Брисел ќе покаже на што можеме да се надеваме оваа година. Јас сум оптимист, многу сум оптимист дека ќе се постигне договор оваа година“, изјави Курти за Франс 24 за време на Минхенската безбедносна конференција. Тој додаде дека за таков исход е потребно значително учество на меѓународната заедница. Курти оцени и дека односите меѓу Белград и Приштина „не се нормални“. „Сакаме целосна нормализација на односите, што подразбира взаемно признавање. Убеден сум дека шатл-дипломатијата и средбите…
Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од југ, во Македонија во текот на оваа седмица времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, вели за НоваТВ метеорологот Славчо Попоски. Зголемување на облачноста ќе има од четврток кога ќе започне да дува ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе добива на интензитет. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени додека максималните дневни ќе бидат значително повисоки од просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во најтоплите централни и југоисточни…
Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одби да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа. Таа исто така истакна дека…
Американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата кратка ненајавена посета на Киев денеска се сретна со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, во пресрет на првата годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари. Тоа е прва посета на Бајден на Украина од почеток на руската инвазија на таа земја, што е голем знак за поддршка, наведува Ројтерс. Денешното патување на американскиот претседател Џо Бајден во Киев беше покриено со тајност од безбедносни причини. Air Force One вчера под закрила на темнината ја напушти воздухопловната база Ендрјус во Мериленд. На новинарите кои го придружуваа не им било дозволено…
Парите за боледувања внесени во системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот пред сајбер-нападот од утре ќе им бидат на сметките на осигурениците. Фондот попладнево извести дека почнала исплатата. „Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. Тоа значи дека веднаш ќе почне исплатата на боледувањата што биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата што се доставени по овој датум ќе почнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, соопшти Фондот. Речиси сите модули на системот, кој две…
По објавеното интервју на извесен Стефан Лазаров со Драган Павловиќ – Латас, кое предизвика реакции во јавноста, обвинителството отворило предмет за некои од наводите во интервјуто во делот каде што Павловиќ раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари имале сексуален однос со девојка а која била тепана. Според порталот СДК, Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на поставено прашање од СДК.мк вели дека предметот е распореден кај обвинител. За интервјуто своја реакција објавија и од Хелсиншкиот комитет, во која велат дека интервјуто е колективен, општествен пораз и реален приказ…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој…
Речиси 47.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми, јавуваат агенциите. Како што одминува времето, се помалку има надеж дека има живи луѓе во урнатините, па спасувачките операции се прекинати насекаде, освен во две области и започна расчистувањето на урнатините. Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари во Турција се зголеми на 41.020 лица, објави државната Агенција за управување со катастрофи (АФАД). По тие два земјотреси следеа повеќе од 6.210 последователни…
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во ненадејна посета на Киев. Веста за неговото пристигнување беше објавена на социјалните мрежи, каде се појавија и видеа како шета со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Бајден се прошета со Зеленски низ центарот на градот, а на видеата се слушаат и сирени за аларм. Ова е прва посета на Бајден на Киев како претседател на САД и во време кога земјата е во војна со соседна Русија. Токму поради оваа причина, не се очекува Бајден да остане во Киев повеќе од неколку часа, но ненадејната посета беше оценета како историска. Меѓу другото, затоа што…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево ја започнува посетата на Грција со средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никос Дендиас и со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. Блинкен и Дендиас, утре, во грчкото МНР ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, соработката во областа на одбраната и енергетската безбедност, како и заедничката посветеност на САД и Грција за одбрана на демократијата, се очекува да бидат во фокусот на посетата на Блинкен на Грција. Помошник државниот секретар на…