Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Оптимист сум дека договорот со Белград ќе биде постигнат оваа година

0
By Соња Крамарска on February 21, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 21, 2023 09:13

Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „голем оптимист оти конечниот договор со Србија ќе биде постигнат оваа година“.

„Мислам дека следната средба во Брисел ќе покаже на што можеме да се надеваме оваа година. Јас сум оптимист, многу сум оптимист дека ќе се постигне договор оваа година“, изјави Курти за Франс 24 за време на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додаде дека за таков исход е потребно значително учество на меѓународната заедница.

Курти оцени и дека односите меѓу Белград и Приштина „не се нормални“.

„Сакаме целосна нормализација на односите, што подразбира взаемно признавање. Убеден сум дека шатл-дипломатијата и средбите на високо ниво што ќе се одржат оваа година ќе придонесат да бидеме поблиску до договор во согласност со европскиот предлог, што го иницираа Франција и Германија“.

На прашањето дали може да се постигне договор веќе на средбата на 27 февруари со претседателот на Србија Александар Вучиќ, тој рече дека засега не може да каже кога ќе следи договорот.

Во врска со Заедницата на српски општини, Курти вели дека тоа е само еден дел од договорот од Брисел пред 10 години, а ги имало вкупно 33.
„Сите тие договори ќе бидат тема на средбите. Еден од нив секако е договорот што го содржи ЗСО, кој не го положи тестот на нашиот Уставен суд. Француско-германската иницијатива не може да се претвори во шведска маса, од која секој може да избере што сака. Имаме и други договори што се од големо значење… Има многу што треба да се разговара, а ќе дојде време и за ЗСО“, изјави Курти за Франс 24.

Албин Курти Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.