Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО)Патот на Бајден во Украина: најголема безбедносна тајна операција, претседателот пристигна со воз

0
By Соња Крамарска on February 20, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 15:32

Американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата кратка ненајавена посета на Киев денеска се сретна со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, во пресрет на првата годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари. Тоа е прва посета на Бајден на Украина од почеток на руската инвазија на таа земја, што е голем знак за поддршка, наведува Ројтерс.

Денешното патување на американскиот претседател Џо Бајден во Киев беше покриено со тајност од безбедносни причини. Air Force One вчера под закрила на темнината ја напушти воздухопловната база Ендрјус во Мериленд. На новинарите кои го придружуваа не им било дозволено да ја донесат опремата.

Патувањето не беше објавено во јавниот распоред на активности на Бајден, а претставници на Белата куќа во текот на изминатата недела постојано изјавуваа дека посетата на Украина не доаѓа предвид. Во саботата вечерта, пред да замине, Бајден отиде на вечера со сопругата во Вашингтон. После тоа, до утринава, по пристигнувањето во Киев, тој повеќе не беше виден во јавноста.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден во Киев пристигнал со воз. Возењето од полската граница до Киев траеше неколку часа. „Њујорк Тајмс“ ја опишува оваа посета како „демонстрација на решителноста на администрацијата на Бајден”. Бајден пристигна во Киев во 8 часот по локално време, а беше пречекан од амбасадорката на САД во Украина Бриџит Бринк. Заштитен конвој од блиндирани возила пристигна во Морската палата, официјалната резиденција на украинскиот претседател, нешто по 8:30 часот по локално време. Тој беше пречекан од украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска. Додека Џо Бајден шеташе по улиците на Киев, звукот на сирените за воздушен напад одекнуваше низ главниот град.

Сите фотографии во овој тескт се од Фејсбук профилот на украинскиот претседател Зеленски

Како дел од бебедносните мерки, Белата куќа тврдеше дека Бајден нема да дојде во Украина. Украина е активна воена зона каде американската војска нема контрола, што ја прави посетата различна од претходните патувања на американските претседатели во Ирак или Авганистан. На почетокот на годината, претставници на Белата куќа постојано ја отфрлаа можноста за оваа посета. Бајден патувал со релативно мала придружба, вклучувајќи го неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, заменик-шефот на кабинетот Џен О’Мали Дилон и личната асистентка Ени Томасини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат го покани Бајден да го посети Киев пред една година, додека руските сили се трупаа на границата. Зеленски минатата недела рече дека неговата покана до Бајден да ја посети Украина останува отворена. Американскиот претседател е најмоќниот западен лидер што го посетил Киев од почетокот на руската инвазија. Тајмингот на посетата не е случаен, бидејќи за неколку дена, поточно на 24 февруари, светот ќе ја одбележи првата годишнина од руската инвазија. Британските премиери Борис Џонсон и Риши Сунак, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц го посетија Киев од почетокот на војната.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека посетата на Бајден на Киев е „без преседан во модерното време“ со образложение дека тоа е првпат американски претседател да го посети „главниот град на земја во војна каде што критичната инфраструктура не е контролирана од војската на САД“. Тоа, велат претставници на Белата куќа, е разликата помеѓу ова патување и претходните претседателски посети на Авганистан и Ирак. Имаше масовно американско воено присуство во тие земји, но немаше во Украина, а исто така и минимално дипломатско присуство.

„Потребен беше безбедносен оперативен логистички напори од професионалци низ американската влада да го преземат она што е ризичен потфат и да го направат нивото на ризик под контрола“, рече Саливан.

„Но, се разбира, сè уште постоеше ризик и сè уште постои ризик во обид како овој, а претседателот Бајден сметаше дека е важно за нас да го направиме ова патување поради критичната точка во која се наоѓаме додека се приближуваме до една година за целосната инвазија на Русија на Украина“, нагласи Саливан.

Претставниците на Белата куќа рекоа дека Бајден конечно дал зелено светло за патувањето во петокот, откако го добил последниот безбедносен брифинг.

безбедност Украина Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.