Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство отвори предмет по објавеното интервју на Лазаров со Латас

0
By Соња Крамарска on February 20, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 14:55

По објавеното интервју на извесен Стефан Лазаров со Драган Павловиќ – Латас, кое предизвика реакции во јавноста, обвинителството отворило предмет за некои од наводите во интервјуто во делот каде што Павловиќ раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари имале сексуален однос со девојка а која била тепана.

Според порталот СДК, Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на поставено прашање од СДК.мк вели дека предметот е распореден кај обвинител.

За интервјуто своја реакција објавија и од Хелсиншкиот комитет, во која велат дека интервјуто е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство.

„Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса изгледа нормализирање на културата на насилство“, се вели во реакцијата од Хелсиншкиот комитет.

„За двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса изгледа нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците“, се вели во реакцијата.

Стефан Лазаров е македонски влогер со над 75.000 следбеници на платформата Јутјуб. По бројните реакции за интервјуто објавено на неговиот Јутјуб канал, Лазаров објави и свој став, но набрзо го избриша.

Драган Павловиќ Латас интервју обвинителство Стефан Лазаров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

ВЕСТИ August 15, 2026

Големиот пожар што синоќа во текот на вечерта избувна во Локва Рогозница, во текот на…

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.