Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје од каде ја започнува својата балканска турнеја за време на која ќе ги посети и Косово и Србија. Пред македонската Влада тој беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски, а двајцата на средбата разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. На средбата Ковачевски на Шоле му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото име. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.
Трагикомедијата „Самовилите на Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) и серијата „Основното училиште Абот“ (Abbott Elementary) освоија по три „Златни глобуси“ на доделувањето што се одржа синоќа. Меѓу нивните одличја се и оние за најдобар филм и најдобра серија, соодветно, во делот „Комедија или мјузикл“. Филмот „Самовилите на Инишерин“ го освои и „глобусот“ за најдобра машка главна улога (Колин Фарел) и најдобро сценарио (Мартин Мекдона). Најдобра драма-серија, според Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА), е „Куќата на змејот“ (House of the Dragon). Полуавтобиографскиот филм на Стивен Спилберг, „Фабелманови“ ја освои наградата за најдобра драма и за режисер. Признанија за најдобри…
Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили. Француските медиуми претходно објавија дека маж повредил неколку лица со нож на железничка станица и дека полицијата потоа го убила. Францускиот железнички оператор СНЦФ, исто така, на Твитер објави дека полицијата денеска отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички…
Независниот руски канал ТВ Дожд (Rain) доби европска дозвола за емитување издадена од холандските регулатори и ја пресели својата база во Амстердам, откако дозволата што Латвија му ја даде во декември беше одземена. Телевизиската станица, чијашто база во Москва беше затворена по руската инвазија на Украина, почна да се пренесува од ЕУ во јули. Меѓутоа, во декември, латвиските власти ја откажаа дозволата за емитување поради закани за националната безбедност. Дозволата, објавена на непознат датум, ќе „обезбеди комерцијална телевизиска услуга преку програмскиот канал наречен „TV Rain“ во период од пет години од 22 декември 2022 година“, се вели во соопштението на…
Лидерите на Европската унија и НАТО денеска во Брисел потпишаа Заедничка декларација за соработка, во која укажуваат дека двете организации се соочуваат со најголемата закана за евроатлантската безбедност во последните децении и се обврзуваат да го подобрат своето партнерство. Потписниците на Декларацијата, претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг наведуваат дека ќе го подигнат партнерството на ЕУ и алијансата на повисоко ниво во време на развој на безбедносните закани и предизвиците со кои се соочуваат. „Стратешкото партнерство на НАТО и ЕУ се заснова на нашите…
Шоле работеше со дипломатски легенди како Џејмс Бејкер, Строуб Талбот и Ричард Холбрук и служеше во високите ешалони на Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот Неговото доаѓање во Македонија доби речиси митски статус, откако мораше да ја одложи посетата на Скопје, Белград и Приштина во декември поради тоа што беше заболен од ковид. Дерек Шоле има има функција во американскиот Стејт департмент едноставно наречена – советник. Но нејзината моќ е многу поголема од она што можеби изгледа однадвор. Американски „Политико“ го нарече Шоле – „Човек во увото на Блинкен“, за со неколку збора да нагласи колку е тој важен за…
Конференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“ за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество ќе се одржи во хотел Сити Парк, на 12 јануари (четврток), со почеток во 12 часот. Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество? Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество. Конференцијата ќе се одвива во формат на 10-минутни разговори на кои ќе се постави главното прашање, со опција за потпрашања од водителот. По разговорот, ќе се отвори можноста за 1-2 прашања или…
Владата на Република Северна Македонија спроведува здрави политики кои дадоа соодветен одговор на кризата и поставуваат основа за натамошен долгорочен развој. Водиме претпазлива фискална политика, која ја штити стабилноста на јавните финансии и посветено работиме на намалување на буџетскиот дефицит, кој годинава е проектиран на ниво од 4,6 отсто од БДП, а наредната треба да се спушти на ниво од 3,4 отсто од БДП. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го порачал министерот Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа на Еуромани, што се одржува во Виена, Австрија. „За политиките што ги спроведуваме земјата доби потврда и…
Книжарниците во Лондон беа отворени на полноќ за да ја задоволат побарувачката за мемоарите на принцот Хари, откако тие официјално беа пуштени во продажба. Обожавателите кои чекаа да купат тврда копија опишаа дека сакаат да ја слушнат приказната „од устата на коњот“. Тоа го следи хаотичното лансирање на мемоарите насловени како Spare или „Резервен“ со повеќекратни протекувања од содржината и копии кои беа достапни во Шпанија минатата недела кои ги полнеа насловните страници на сите светски медиуми. Книгата е објавена низ целиот свет на 16 јазици. Мемоарите веќе се на врвот на најпродаваните во Велика Британија на елекктронската продавница Амазон.…
Првиот обид за лансирање на сателит од Велика Британија не успеа ноќеска нешто пред полноќ, кога компанијата за лансирање Virgin Orbit извести за „аномалија“ што ја спречи ракетата да стигне до орбитата. Како што пренесува Јутарњи лист, мисијата Start Me Up полетала од пистата на аеродромот во Корнвол Њукеј со ракетата на Virgin’s LauncherOne, која била носена под крилото на модифицираниот Боинг 747 и подоцна пуштена над Атлантскиот Океан. Но, непосредно пред полноќ, претставник на Virgin Orbit во живо објави дека ракетата претрпела „аномалија“ што ја спречила да стигне до орбитата. „Изгледа дека имаме аномалија што не спречи да стигнеме…
Силен земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Турција, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 192 километри од Измир, а земјотресот бил почувствуван долж турското западно крајбрежје, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море, пренесува Index.hr. Засега нема информации за евентуални штети или жртви.
Речиси 90 отсто од населението во третата најнаселена кинеска провинција Хенан е заразено со коронавирус, соопшти директорот на здравствената комисија за таа централна провинција, Кан Кванченг. Тој на прес-конференција рече дека од 6 јануари стапката на инфекција во провинцијата Хенан е 89 отсто. Во Хенан живеат 99,4 милиони луѓе, што значи дека околу 88,5 милиони сега веројатно се заразени. Бројките од провинцијата Хенан се во спротивност со податоците за Ковид кои ги објавува владата во Пекинг. Според податоците од Пекинг, од укинувањето на политиката за нулта ковид во Кина во декември минатата година, се заразиле само 120.000 луѓе, додека 30…