Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руската телевизија „Дожд“ во егзил доби лиценца во Холандија откако ја избркаа од Латвија

0
By Соња Крамарска on January 10, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 10, 2023 16:33

Независниот руски канал ТВ Дожд (Rain) доби европска дозвола за емитување издадена од холандските регулатори и ја пресели својата база во Амстердам, откако дозволата што Латвија му ја даде во декември беше одземена.

Телевизиската станица, чијашто база во Москва беше затворена по руската инвазија на Украина, почна да се пренесува од ЕУ во јули. Меѓутоа, во декември, латвиските власти ја откажаа дозволата за емитување поради закани за националната безбедност.

Дозволата, објавена на непознат датум, ќе „обезбеди комерцијална телевизиска услуга преку програмскиот канал наречен „TV Rain“ во период од пет години од 22 декември 2022 година“, се вели во соопштението на холандскиот регулатор.

Дополнително, латвискиот јавен радиодифузен сервис LSM објави дека лиценцата ќе дозволи ТВ Дожд да емитува на сите кабелски мрежи во Холандија и другите земји на ЕУ, вклучително и Латвија.

Станицата објави соопштение на Твитер дека „ТВ Дожд ќе го пресели својот уреднички центар во Амстердам. Амстердамското студио ќе стане главно студио на каналот“. Сепак, ќе ги задржи канцелариите во Рига, главниот град на Латвија „бидејќи останува витална област за нас како дел од информативната стратегија на уредничкиот одбор“.

Теелвизијата Rain, или Дожд, либерална станица која беше означена како „странски агент“ од Кремљ во 2021 година, стана еден од многуте независни медиуми во Русија кои беа принудени да ги затворат своите врати по почетокот на војната против Украина.

Во март 2022 година, руските власти наредија исклучување на каналот. Тие го блокираа пристапот до нејзината веб-страница како дел од поголемата акција против новинарството, вклучително и криминализација на споделување „неофицијални“ информации за инвазијата на Москва, со казни до 15 години затвор.

Заедно со многу други, ТВ Дожд ги премести своите операции во странство, започнувајќи со емитување од неколку земји на ЕУ, вклучително и Латвија, во јули, повикувајќи се на „репресивните закони и воената цензура на Кремљ“.

Меѓутоа, во декември, латвиските власти објавија дека дозволата за емитување на каналот е откажана и дека ќе биде симната од емитувањето. Одлуката уследи по инцидентот во кој презентер на ТВ Дожд имплицираше дека станицата може да обезбеди помош за руските војници.

Извор: Еуроактив

 

Латвија Русија ТВ „Дожд“ Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.