Силен земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Турција, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 192 километри од Измир, а земјотресот бил почувствуван долж турското западно крајбрежје, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море, пренесува Index.hr.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.