Author: Соња Крамарска

Американскиот гигант за онлајн трговија Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси. Откако веста за отпуштањата протече во јавноста, Џеси ги потврди шпекулациите во објава на веб-страницата на Амазон, велејќи дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како и поддршка за барање друга работа. Најпогодени од отпуштањата ќе бидат одделите за интернет продажба (Amazon Stores) и одделенијата за управување со човечки ресурси, рече тој. Компанијата со седиште во Сиетл почна да отпушта работници од одделот за апарати во ноември, а извор изјавил за Ројтерс…

Read More

Тела на осум членови на семејство се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Јута, соопштија локалните власти. Меѓу жртвите има пет деца. Потенцијалниот мотив за убиството не е објавен. Жртвите беа пронајдени во средата со прострелни рани во дом во Енох, град со околу 8.000 жители на 400 километри јужно од Солт Лејк Сити. Се очекува полицијата да соопшти повеќе детали за ова незапаметено крваво злосторство.

Read More

„Наместо да се занимава со криминал и безбедност на граѓаните, полицијата се уште брка бугарски духови. Во споредба со времето на Милошевиќ, сега полицијата е уште побудна за секое јавно покажување на бугарската самосвест. Поголемиот брат сè уште гледа бугарски дресови, постери и лајкови на Фејсбук“. Ова е извадок од колумната на директорот на бугарскиот културно-информативен центар во Босилеград, Србија, Иван Николов, објавена денеска на насловната страница на агенцијата БГНЕС – која што е нов осврт на бугарско-српските односи од страна на еминентни бугарски личности, кои изминатите неколку седмици испраќаат отровни стрели кон Србија и политиката на Белград кон Бугарија.…

Read More

Француската влада забрани онлајн продажба на производи на база на парацетамол од денеска до крајот на јануари, поради потешкотии со набавката на тој лек против болки. Владата во Службен весник објави дека до 31 јануари е прекината онлајн продажбата на лекови составени исклучиво од парацетамол. Одлуката е донесена поради континуираниот недостиг на лекови на база на парацетамол, особено на тие што се за деца, во изминатите шест месеци, се вели во соопштението. Се наведува и дека мерките што ги презеле здравствените власти, иако биле ефективни, досега не успеале целосно да стават крај на овие тешкотии во набавките. Од пред неколку…

Read More

Во Германија официјално заврши ерата на телеграми со последен бран од илјадници кратки пораки испратени за Нова година, објави денеска главната поштенска служба во земјата – Дојче пост. Службата соопшти дека 3.228 телеграми биле испратени на последниот ден од понудата на услугата на новогодишната ноќ. Ова е многу повеќе од просечниот месечен број – помеѓу 200 и 300 испратени телеграми во последниве години. Дојче пост соопшти дека била една од последните во светот што сè уште нудела испорака на телеграми, и тоа само во земјата во последните години. Во 2018 година, службата престана да испраќа телеграми во странство. Телеграмата, чии…

Read More

„Алтернатива стана дел од власта со писмен договор, чија прва точка е деблокирање на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европска унија. Затоа, како партија веруваме дека во оваа година сите политички и државни капацитети треба да бидат концентрирани во реализација на превземената обврска за уставни измени“, порачаа денес од партијата „Алтернатива“. Започнувањето на суштинските преговори со ЕУ значи поинтензивна динамика на реформи и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, велат од оваа партија. Но се додава и дека „Алтернатива“ е посветена, покрај исполнувањето на обврската за признавање на бугарското малцинство и замена на дефиницијата „јазик што го…

Read More

Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето“ (It’s about people), бидејќи на крајот луѓето се големите консументи и корисници на сето тоа што ние го правиме во политиката, истакна денеска на брифигот со новинарите шефот на дипломатијата, Бујар Османи. „Во политиката ние некогаш сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција, дали на нашите национални влади, меѓународни организации, остануваме да делуваме цел ден за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да…

Read More

Претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север, изјави дека седиштето на синдикатот е преплавено со повици на граѓани кои се лути на поскапувањата поради преминувањето на еврото и дека не се работи за „заокружување“ на цените како што тврдат трговците, туку за поскапувања од 20 и повеќе проценти. „Граѓаните се револтирани. Поскапувања навистина се случуваат насекаде. И кога ги слушам трговците кои велат дека ништо не поскапело, не знам што се случува, бидејќи граѓаните постојано го кажуваат тоа во големите и малите продавници, особено во пекарите и други услужни дејности, имаше големо поскапување, а не мало заокружување на цените. Станува…

Read More

Претставници на ЕУ, САД, Франција и на Германија по Божикните празници се очекува да го посетат Белград, за да се забрза решавањето на косовското прашање. Весникот „Вечерње новости“ во денешното издание објавува дека Белград прво треба да го посетат специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, заедно со претставниците на францускиот и германскиот претседател Емануел Боно и Јенс Плетнер, а потоа се можни посети на други функционери. Според „Новости“ целта на тие посети е да се убеди српскиот државен врв да започне политички преговори со…

Read More

Сите важни нормативни, системски решенија, како што е и територијалната организација на локалната самоуправа треба да се резултат на широка дебата, консултации со сите засегнати страни и со точно поставена цел, да се знае зошто се прави тоа. Во моментов се прави оценка на спроведувањето на Законот за територијална организација на локалната самоуправа, вели во интервју за „Локално“ министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов. Во однос на ниското ниво на фискална децентрализација, Пенов смета дека тука не може да стане збор за еднократна мерка, која што како со волшебно стапче ќе ги реши сите прашања, додавајќи дека општините треба да…

Read More

„Го укинуваме прогресивното оданочување, но не се откажуваме од него. Работиме на нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство. Јас не сум против прогресивното оданочување, но, за да зборуваме за оданочување на богатите прво треба да ги дефинираме кои се тие, да се утврдат прагови кои ќе имаат ефект па дури потоа да ги оданочиме“, вели директорката на Управата за јавни приходи и заменичка претседател на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за порталот Локално. Лукаревска додава дека „треба да креираме соодветен модел, добро креирано даночно решение носи и даночни придобивки“. За резултатите…

Read More

Во Битола почина Владимир Костов (1932 г.), професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток“. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември“, и награда за животно дело, како и на републичките награди „11 Октомври“, „1 Мај“, наградата „Рациново признание“; наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески“;…

Read More