Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пенов: Најдобрите решенија доаѓаат под притисок, ќе успеат градоначалниците што знаат да менаџираат криза

0
By Соња Крамарска on January 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 3, 2023 16:01

Сите важни нормативни, системски решенија, како што е и територијалната организација на локалната самоуправа треба да се резултат на широка дебата, консултации со сите засегнати страни и со точно поставена цел, да се знае зошто се прави тоа. Во моментов се прави оценка на спроведувањето на Законот за територијална организација на локалната самоуправа, вели во интервју за „Локално“ министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

Во однос на ниското ниво на фискална децентрализација, Пенов смета дека тука не може да стане збор за еднократна мерка, која што како со волшебно стапче ќе ги реши сите прашања, додавајќи дека општините треба да направат се во нивна моќ да ги намалат трошоците.

„Нема време за префрлање на одговорноста. Ќе успеат тие кои што знаат да менаџираат во услови на криза. А комуникацијата меѓу централната и локалната власт е нужност и на тоа јас инсистирам од првиот ден на мојот мандат“, посочува министерот.

За енергетската криза, поранешниот градоначалник на Скопје и актуелен министер за локална самоуправа вели дека таа ги погодила сите, откако секој се соочува со последиците, се разбира и општините.

„Кризата е сериозен ризик за испораката на услугите кон граѓаните, но и предизвик. Најдобрите решенија доаѓаат како резултат на принуденост, токму во кризни ситуации. Градоначалниците кои што се добри менаџери сега размислуваат што можат да направат за да ги зголемат заштедите, да ги искористат своите ресурси, да бидат посамостојни и да функционираат поекономично. Тоа го прави и секое домакинство“, смета Пенов.

За комуникацијата со градоначалничката на Скопје вели дека е многу разбирлива, како и со секој друг градоначалник, а за можна суспензија на работите или надлежностите на Градот со цел да „тргнат“ одредени проекти, вели дека тука не е тоа случај.

„Јас се залагам за оддржливи решенија преку взаемна комуникација и соработка. Ако еден проблем може да се реши со заеднички напор на централната и на локалната власт, тогаш ајде да го решиме. Ако секој стои закопан во сопствениот ров и наместо решение нуди изговор или пак напад тогаш работите нема да се поместат, нема да има решение, а штетата ја трпат граѓаните секој ден“, вели тој во интервјуто.

 

интервју Локална самоуправа општини Ристо Пенов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.