Тела на осум членови на семејство се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Јута, соопштија локалните власти. Меѓу жртвите има пет деца.

Потенцијалниот мотив за убиството не е објавен.

Жртвите беа пронајдени во средата со прострелни рани во дом во Енох, град со околу 8.000 жители на 400 километри јужно од Солт Лејк Сити.

Се очекува полицијата да соопшти повеќе детали за ова незапаметено крваво злосторство.