Author: Соња Крамарска

Гугл ја објави листата на најпребарувани поими за 2022 година на која се јавуваат и поими кои ќе изненадат многумина. Wordle е терминот кој се рангираше на прво место по пребарувања оваа година во светот.  Се работи за игра со погодување зборови која стана исклучително популарна во последно време. Целта на играта е да се погоди збор од пет букви во шест обиди. Се чини дека милиони луѓе ширум светот ја играа оваа игра, или пак се интересираа да добијат повеќеинформации за неа. Њујорк Тајмс ја купи Wordle на крајот на јануари оваа година. Кралицата Елизабета, крикет, Украина Вториот најпребаруван термин…

Read More

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка, честитајќи им ја на сите граѓани новата 2023 година. Како и секоја и оваа нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство. Посетителите на Музејот на вода ќе можат да ја видат елката секој ден до крајот на јануари.

Read More

Косовските специјални сили се обиделе да ја отстранат барикадата кај Зубин Поток, Вучиќ одржал консултации со премиерот и војската, објави порталот Косово онлајн. Овој настан го објави и локалниот медиум Зубин поток инфо, кој на својот Инстаграм профил објави заматено видео на кое се слушаат детонации и горење оган. Медиумите додаваат дека барикадите во Зубин поток во моментов се мирни. Косовската полиција во Зубин Поток има две неодамна изградени бази. Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што се наведува, одржал консултации со премиерката Ана Брнабиќ и со воениот врв на земјата. Вучиќ го испрати командантот на армијата на границата со Косово,…

Read More

Армискиот полковник Ивица Ампов ќе биде првиот воен претставник на Република Северна Македонија во НАТО, дознава НОВА од свои извори. Назначувањето доаѓа безмалку по три години членство во Алијансата на Македонија, откако претходно пропадна едно назначување поради недобивање на НАТО сертификат на полковникот кој од Министерството за одбрана и државното раководство беше избран да ја врши оваа висока и престижна функција. За Ампов се завршени сите процедури, вклучително и потребниот НАТО сертификат, а указот веќе е потпишан од страна на Пендаровски и е објавен во Службен весник. Ампов претходно беше воен аташе на Македонија во САД, наследувајќи го на таа…

Read More

Пронајденото 16-годишно момче, чие тело исплива во реката Пена, тетовско, сепак било убиено. Веста произлезе од Основното јавно обвинителство Тетово кое утрово соопшти дека до надлежниот суд поднело барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело убиство од член 123 став 1 од КЗ. „Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката…

Read More

Претседателот Џо Бајден одржа божиќно обраќање од Белата куќа, посакувајќи на се поподелената Америка „нов почеток“, вклучително и чистење на „отровот што ја зарази нашата политика и нè сврте едни против други“. Демократскиот лидер неодамна зазеде поагресивен став против опозициските републиканци, но за Божиќ неговата празнична порака се фокусираше на темите за помирување и единство. „Се надевам дека оваа божиќна сезона ќе одвоиме неколку моменти на тивко размислување, ќе ја најдеме таа тишина… во срцето на Божиќ и навистина ќе се погледнеме еден со друг“, рече Бајден од празничната Бела куќа украсена со дрвја, венци и бели светла. . „Не…

Read More

Актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е меѓу фаворитите на Вашингтон за преземање на раководството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Ова го објави норвешката телевизија ТВ2, која се повикува на „сигурни извори од круговите на Северноатлантскиот пакт“. Моментално на чело на ММФ е Кристалина Георгиева. Нејзиниот мандат истекува во 2024 година. Столтенберг требаше да ја напушти функцијата во НАТО во септември оваа година, но поради војната во Украина, неговиот мандат беше продолжен до крајот на 2023 година. Не така одамна, пак, Њујорк Тајмс пишуваше дека е можно жена да застане на чело на НАТО за прв пат. Меѓу кандидатите…

Read More

Донесена е арбитражна пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Северна Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година, појасни попладнево кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, во врска со овој најнов случај кој ја бранува јавноста. ЕЛ.ПЕТ, како што се вели во објавата од кабинетот, побарувал главен долг од 31,590.000,00 УСД по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5% годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 УСД…

Read More

Во акушерско-гинеколошката болница „Шејново“ со недели траат инспекции, но не ги откриваме за да избегнеме објавување лични податоци. Освен оваа проверка на обвинителството кое ги утврди биолошките родители на двете деца, отсега во правна процедура е како ќе се разменат децата. Ова го изјави директорот на болницата „Шејново“, д-р Румен Велев, за сторијата на БГНЕС. Бебињата имаат посебни нараквици, кои им ги става болницата. Само што мајките и децата имаат исти алки, ама бебињата се сменети. На мајката „А“ и дадоа бебе со нараквица „Б“, додаде директорот. Луѓето кои ја направиле оваа грешка ќе бидат казнети. Има некои вознемирувачки факти…

Read More

На 3 февруари следната година ќе се одржи Самит меѓу ЕУ и Украина, на кој ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на ЕУ Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, потврди денеска портпаролот на Советот на ЕУ. „Можам да потврдам дека Самитот ЕУ-Украина ќе се одржи на 3 февруари и има отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел“, рече Баренд Лејтс, портпарол на Шарл Мишел. Тој прецизираше дека „Самитот нема да биде меѓу 27-те лидери на ЕУ, туку со претседателот на Советот на ЕУ и претседателката на Европската комисија“. Засега не се…

Read More

Европската комисија ќе додели 185,9 милиони евра во 2023 година за финансирање на промоција на одржливи и висококвалитетни земјоделско-прехранбени производи од Унијата. Работната програма за политики за промоција за 2023 година, која Комисијата ја усвои пред неколку дена, придонесува за реализација на политичките приоритети на Европската комисија за периодот 2019-2024 година, а особено на стратегијата „од терен до маса“. Проектите за промоција во 2023 година се очекува да ги истакнат и поддржат производите кои се во согласност со целите како што се одржливоста на земјоделството на Унијата, подобрување на благосостојбата на животните и поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и…

Read More

Согласно пресудата, отштетното побарување што е досудено од Арбитражниот суд во Париз е за 50 отсто пониско од првичното барање, односно отштетното побарување пресудено од судот во Париз, е 21,5 милиони евра. Тоа значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на првично бараниот износ, вели советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов. Може да напоменам, додаде, дека и оваа сума може да биде предмет на понатамошни усогласувања или договарања како што тоа е направено во 2008 година, кога е постигнат договор за порамнување. Арбитражниот суд во Париз пресуди против Македонија во спорот во кој некогашната грчка компанија „Хеленик…

Read More