Актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е меѓу фаворитите на Вашингтон за преземање на раководството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Ова го објави норвешката телевизија ТВ2, која се повикува на „сигурни извори од круговите на Северноатлантскиот пакт“.

Моментално на чело на ММФ е Кристалина Георгиева. Нејзиниот мандат истекува во 2024 година.

Столтенберг требаше да ја напушти функцијата во НАТО во септември оваа година, но поради војната во Украина, неговиот мандат беше продолжен до крајот на 2023 година.

Не така одамна, пак, Њујорк Тајмс пишуваше дека е можно жена да застане на чело на НАТО за прв пат. Меѓу кандидатите се и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, словачката претседателка Зузана Чапутова и естонската премиерка Каја Калас. Според изданието, најголеми шанси има канадскиот вицепремиер и министер за финансии Кристиа Фриланд.