Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Трајковска
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ на СЈО. Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Минатото рочиште што беше закажано за 1 јуни беше одложено за денеска, бидејќи еден од обвинетите, Александар Трајковски заминал на службен пат во Хрватска. Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да се…
За крвавиот четврток поднесен е обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело
Шеесет и еден носител на јавни функции во државата денеска ја потпишаа Декларацијата за борба против корупцијата. Меѓу нив се Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, јавната обвинителка за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева, 18 министри и еден заменик-министер во Владата на Република Македонија, градоначалникот на градот Скопје и градоначалниците на 35 општини во Република Македонија. -Преку потпишување на Декларацијата, носителите на највисоките функции во извршната власт на централно и локално ниво, како и највисоките претставници на двете обвинителства во земјата ја изразија нивната безрезервна поддршка во…
По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот денеска во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморативна церемонија и ќе биде отворена изложба на тема „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“. На настанот најавени се обраќања на министерка за образование и наука Рената Дескоска, претседателот на Еврејската заедница Берта Романо-Николиќ, амбасадорите на Обединетото кралство и на Германија, Чарлс Гарет и Томас Герберих, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Нина Суомалаинен и на директорот на органзиацијата „Центропа“ од Виена, Едвард Серота. Генералното собрание на Обединетите Нации пред 12 години одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27…
https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=OI2HynsFUEk На денешниот протест на Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ и Македонските обединети сили пред Собранието против законот за употреба на јазиците беше запалено знамето на ЕУ. Додека ова се случуваше, присутните пееја патриотски песни и извикуваа „Браво“. Околу 1.500 демонстранти се собраа на како што беше највен мирен протест против законот со кој како што велат се „двојазичност, се губи македонскиот карактер на државата, но и самата држава“. Тие велат дека излегле од патриотски побуди, за спас на Македонија, додавајќи дека нема да дозволат други да решаваат како ќе живеат. Претставничка од здружението Тврдокорни тврди дека со сегашната политичка ситуација,…
Посочената емисија се емитуваше на телевизијата „Сител“, а нејзин водител беше новинарката Ивона Талевска која што е осомничена или под истрага и во други случаи на СЈО