Author: Соња Петрушевска

Бурна и тензична дебата во Комисијата за здравство во Собранието предизвика новиот Предлог – закон за прекинување на бременоста, со кој се укинуваат административните бариери, односно чекање од три дена по советувањето, една година меѓу два абортуси, како и обврската при ехосонографскиот преглед да ги слушаат срцевите тонови на бебето, што може да влијае на нејзината волја. Поддршка за измените даде и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова која кажа дека иако законот го носи друга Влада, таа ќе гласа за него. „Ако се надминете себеси, ќе го подржите Предлог – законот. Познавам многу жени кои одеа во странство за…

Read More

Антикорупциската комисија ќе оформи предмет за новите вработувања во државни и јавни претпријатија по распишувањето на претседателските избори. „Сите нови вработувања и именувања, но и разрешувања што се објавени во Службен весник ги следиме и за нив ќе оформиме предмет, рече претседателката на Комисијата Билјана Ивановска. До крајот на неделава поминува и рокот до кога државните институции и претпријатија требаше да ги достават до ДКСК сите информации кои комисијата ги побара за новите вработувања, а за кои има сомневања за непотизам. Антикорупциската комисија освен за вработувањата на блиски роднини на актуелни функционери најави дека ќе го преиспита вработувањето и на…

Read More

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека не регистрирале дека некој од кандидатите за претседател предвреме ја започнал кампањата. Кандидатите за претседател  треба да бидат потврдени од Државната изборна комисија до 21 март и до тогаш сите активности на кандидатите ќе се сметаат за партиски средби, а не како неофицијален почеток на предизборната кампања, која официјално започнува на 1 април.  Рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател завршува на 9 март. Гордана Силјановска Давкова го прекинала собирањето на потписи откако се потпишале 16.000 граѓани. Од саботата кандидатурата на Блерим Река за претседател ја подржале 6.000 граѓани, за Амди…

Read More

„Со измените во Кривичниот закон за делата сторени од омраза, очекувам поголема свесност кај граѓаните, но и да резултира со пресуди во кои ќе биде јасно и децидно кажано дека кривичните дела се извршени од омраза и поради тоа казните се повисоки“, вели за НОВА обвинителот Александар Маркоски. Една од главните работи што се постигна со измените на Кривичниот законик усвоени минатата година беше појаснувањето, односно дефинирањето на тоа што е дело од омраза Член 122 став 42  Како дело од омраза изрично предвидено со одредбите од овој Законик, се смета кривично дело против физичко или правно лице и со…

Read More

По инцидентот со Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, зголемен  е бројот на затворски стражари кои ги следат притворените лица додека шетаат во дворот на затворот вели директорот на затворот Ѓоко Котевски за  НОВА ТВ. Интервјуто го снимавме  на шеталиштето во притворското одделение каде се случија двата инциденти, по кои Јанакиевски беше пуштен во куќен притвор, а Ристовски е преместен во т.н хашка соба. Во последниот извештај на Стејт департментот пишуваше дека затворите се преполни, а условите беа оценети како нечовечки и деградирачки. Во извештајот исто така се наведуваше дека набљудувачите известиле за распространета корупција меѓу затворскиот персонал. https://www.youtube.com/watch?v=cHFHjvGgmpA

Read More

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите. -Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети, кажа Џафери. Обвинителката Вилма Русковска, откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците. Џафери кажа дека закажал седница по Извештајот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, но за првпат резултатот бил 4 „за“ и 4 против и тој…

Read More

Одлуката на собранискиот спикер Талат Џафери да ја прекине седницата на која требаше да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски ги налути партнерите во владината коалиција. Пратениците на СДСМ денеска не присуствуваа на координацијата кај претседателот на Собранието, по што тој ги одложи сите седници кои беа закажани за денеска. По бурниот и тензичен викенд кој финишираше без гласање за одземање на имунитетот на пратеникот, денеска владините партнери се обвинија меѓу себе за тајни преговори со ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата ја прекинал поради однесувањето на пратеникот Мухамед Зеќири кој дофрлал…

Read More

Пратеникот Павле Богоевски кој е претседател на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, на прес конференција кажа дека се сомнева дека се работи за смислено сценарио од ДУИ за да го заштитат Трајко Вељаноски. Тие, како што рече Богоевски, најпрво се обиделе да ја саботираат работата на Комисијата, а потоа и на собраниската седница. Тој објасни дека на седницата на Комисијата три пати и ѕвонел на пратеничката од ДУИ Мирсада Емини Асани која е заменик член од ДУИ, откако на Агим Шакири ми се слошило. -Два пати не ми крена телефон, третиот пат ми крена најверојатно по грешка, молчеше 12 секунди…

Read More

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска обвини она што се случи на вчерашната седница за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски е „театар во режија на ДУИ“. -Вчера бевме сведоци на театарот што го сервираше ДУИ. На истиот тој Талат не му пречеше кога беше избран за претседател на Собранието. Тој е добар актер и покажа дека не е добар кандидат за прв Албанец претседател на Собранието што јас го платив и со крв, рече Села на прес конференцијата во Собранието. Според Села, тоа што се случи вчера е „удар врз надежта за правна држава“. -Целта е да…

Read More

Во Собранието се уште не пристигнато барањето од Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, кој е осомничен во истрагата за организирање на крвавиот упад во Собранието на 27 април. Претседателот на Комисијата за мандатно- имунитетни прашања Павле Богоевски вели дека седницата на Комисијата ќе ја закаже веднаш штом ќе го добие барањето во роковите што ги предвидува Деловникот. Од судот за МИА потврдиле дека барањето е испратено. Според, тоа Комисијата треба да одлучува во рок од два дена од добивање на барањето од Судот, а во рок од три дена треба да гласа и Собранието. Пратеникот Вељаноски вчера…

Read More

Синот на пратеникот Горан Мисовски даде отказ на работното место во Агенцијата за осигурување, потврди пратеникот за НОВА. Мисовски кажа дека неговиот син бил привремено вработен во Агенција за осигурување која го контролира приватниот сектор. Огласот траел една недела, а тој бил единствениот пријавен кандидат. Ги исполнувал сите услови, вклучувајќи го и ИТ Мајкрософт сертификатот. За вработувањето, Мисовски ја информирал и Антикорупциската комисија. И мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов се повлече од работното место во Централен регистер. „Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и…

Read More