Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
По реакциите и критиките во јавноста и од невладините организации, НОВА дознава дека власта ќе ги коригира предложените измени на Законот за јавни претпријатија со кои требаше да се именуваат заменици во сите јавни претпијатија во кои досега немаше вакви функција. Според информации на НОВА, собраниските служби проверуваат дали може да се интервенира со амандман во веќе предложените законски измени или ќе се достави нов предлог – закон. Со новите измени на Законот за јавни претпријатија, заменици директори ќе се избираат само во јавните претпријатија што се формирани од Владата – вкупно 12 на број, а не и во јавните…
Заменици директори ќе се избираат во вкупно 129 јавни претпријатија, во кои досега немало ваква функција. Според сегашното законско решение директорот определуваше вработен кој раководи со претпријатието во негово отсуство.
По празниците, премиерот Зоран Заев же разговара со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли за писмото што тој го испратил до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, во кое како што објави порталот СДК, тој реагирал дека судиите, одлуките што ги носат ги правдале дека се по диктат од странските амбасади. -Дали ве загрижува писмото кое американскиот амбасадор Џес Бејли го испратил до претседателот на судот дека судиите ги злоупотребуваат странаките амбасади за да ги оправдаат своите судски одлуки, го праша пратеникот Антонио Милошоски, премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.Заев одговори дека за писмото…
Собраниската Комисија за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозиснтво, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната. „За“ гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата. Со измените на Кривичниот законик во член 275 в се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки, а според некои толкувања со овие измени обвинетите можат да добијат и условна казна. Се очекува со нив да бидат опфатени делата во кои е обвинетата Елизабета Канческа Милевска,…
Фирмата „Обновители“ која е во сопственост на МПЦ и на бизнисменот Зоран Антиќ го продала земјиштето кое го откупи од Министерството за транспорт на фирмата М.Г Фешн – компанија која е исто така во сопственост на бизнисменот Зоран Антиќ, кого медиумите го поврзуваат со Сашо Мијалков, открива НОВА. Споре документите до кои дојде НОВА, „Обновители“ на 1 ноември оваа година и официјално му продале на Антиќ, односно на М.Г Фешн земјиште од 7.401 м2 спроти хотелот Холидеј ин по цена од 2.442 622 евра. Се работи за истото земјиште кое фирмата „Обновители“ го откупи од Министерството за транспорт,…
Доколку бидат изгласани измените на Кривичниот законик кои се веќе во собраниска процедура, според информции на НОВА, од кривично гонење можат да бидат ослободени обвинетите во случаите Тендери и Трезор. Измените на Кривичниот законик можат да влијаат и врз жалбената постапка на веќе обвинетите во „Тенк“. Во случајиот „Тендери“ е обвинета екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, во „Трезор“ се обвинети Сашо Мијалков Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Во „Тенк“ се веќе осудени Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со измените на Кривичниот законик кои се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница се предлагаат…
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека Законот за ратификација на Договорот со Грција и за јазиците ќе ги испрати во Службен весник без потписот на Иванов. „ Иванов има уставна обврска да ги потпише. Кога ќе се усвојат уставните амандмани, двата закони на кои јас ставив потпис ќе ги пуштам во Службен весник затоа што никој не смее да ја попречува волјата на Собранието“ кажа денеска претседателот на Собранието Талат Џафери. Седницата за уставните амандмани е закажана за 9 јануари, а Џафери очекува да заврши до 15 јануари или порано затоа што пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ нема…
Законот за пратеници од кој се дистанцираа сите пратенички групи по негативните критики од јавноста сериозно се подготвувал. Според информации на НОВА, една од верзиите која се разгледувала била по истекот на пратеничкиот мандат оние пратеници на кои не им мирува работното место, да бидат вработени како советници во државната администрација, но само на оние кои ги исполнуваат критериумите од Законот за работни односи. Во спротивно, пратениците би требало да се вработат на пониски работни места и постепено да напредуваат до советници. Нашите извори велат дека идејата била да се обезбеди егзистенција на пратениците по завршувањето на пратеничкиот мандат. По…
Обвинетиот Александар Василевски Нинџа поднесе барање за амнестија, потврди за НОВА неговиот адвокат Звонко Давидовиќ. Во барањето за амнестија, Нинџа навел дека треба да биде опфатен со амнестијата затоа што не бил организатор на упадот во Собранието, не носел качулка на глава и не носел оружје. Судечкиот совет, по претходно прибавено мислење од обвинителството ќе треба во рок од 5 дена да одлучи дали ќе го прифати барањето на Нинџа да биде амнестиран. Освен Нинџа, барање за амнестија поднесоа и пратеникот Крсто Мукоски обвинетите Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски. Јане Ченто и Игор Југ, пак, кажаа дека нема…
Предлог Законот за аудио визуелни медиумски услуги конечно ќе се најде и на собраниска седница, откако цели десет месеци беше заглавен во Комисијата за транспорт и врски. ВМРО ДПМНЕ поднесе 60 амандмани, но расправата по нив одеше бавно поради долгите дискуии на пратениците од опозицијата.
Обвинетите за насилствата на 27 април 2017, Јане Ченто и Игор Југ нема да поднесат барање за амнестија. Во судницата на денешното рочиште Јане Ченто и се обрати на судијката Кацарска и рече: „Имам целосна доверба во вас, време е да покажеме дека сме правна држава и дека судот е независна власт. барање за амнестја нема да поднесам, вие пресудете ми“, рече Ченто. Тој нагласи дека освен судот никој друг нема право некого да помилува. ,,Сакам правда“, кажа Ченто. И обвинетиот Игор Југ кажа дека нема да поднесе барање за амнестија. „Ќе ја докажам правдата пред вас кои сте единствено…
„За“ гласаа и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, иако на комисиската расправа не беше усвоен нивниот амандман амнестијата да важи за сите обвинети за настаните од 27 април.