Author: Соња Петрушевска

Денешното рочиште за насилствата од 27 априлшто требаше да започне во 10 часот, е одлоќено за подоцна, откако неколку минути пред закажаниот почеток во Судот се вклучи противпожарниот аларм, по што била исклучена струјата. Сите обвинети се пред судот и го очекуваат почетокот. Според информациите, се очекува судењето да започне во 11 часот. Денеска треба да сведочи . Одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски. Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими,…

Read More

Благоја Василевски, кој му беше телохранител на екс премиерот Груевски и кој беше со него во Виена на 27 април 2017, денеска сведочеше во Судот. Тој му е брат на обвинетиот Александар Василевски Нинџа и беше повикан како сведок. Благоја Василевски рече дека се слушнал со брат му Нинџа попладнето на 27 април, но дека разговарале за мајка им која била болна. На прашањето, дали разговарале и за други работи, Василевски одговори: ,,За вообичаени работи“. Според обвинението за 27 април, настаните тој ден започнале по повик од Виена преку телефон во сопственост на владината служба за општи и заеднички работи…

Read More

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, чија одбрана денеска на судењето за 27 април откри нови моменти за тоа како бил организиран упадот во Собранието,  Звонко Давидовиќ рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.

Read More

Александар Василевски Нинџа во денешното сведочење пред судот за крвавиот четврток на 27 април, рече дека во штабот на ВМРО ДПМНЕ ги водачите на „За заедничка Македонија“. Како што рече, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски излегувале од канцеларија на Кирил Божиновски кого, според Нинџа, го викале,,благајник“. На прашање на обвинителката Вилма Рускоска, дали ова значи дека водачите земале пари од ВМРО ДПМНЕ затоа што Божиновски беше благајник на партијата, Нинџа кажа дека од Никола Бошковски му било речено дека ,,се исплатувани“. На прашање на адвокатот на Борис Дамовски дали вистинските водачи на протестите  „За заедничка Македонија“, биле Спиро…

Read More

Тогашниот шефот на УБК Владимир Атанасовски дал наредба да се уништат хард дисковите од Собранието, рече во денешното сведочење Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април. Тој кажа дека бил сведок на телефонски разговор во една база на УБК, меѓу Никола Бошковски, тогашен шеф на тајната полиција со директорот на УБК Атанасовски. Во тој телефонски разговор Бошковски, според тврдењето на Нинџа, го прашува Атанасовски што да прават со хард дисковите што ги одзеле од Собранието, на што тој му рекол: ,,Уништете ги“, рече Нинџа. По ова Сашо Марковски исто така вработен во УБК, во базата на УБК, ги ставил…

Read More

Билјана Бришкоска му се јавила на Вељаноски да се отворат вратите од Собранието сведочеше во судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа. Тој кажа дека сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ

Read More

Александар Василевски Нинџа ја почна својата одбрана во судот за крвавиот четврток. Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и…

Read More

Девет месеци по оставките на членовите на антикорупциската комисија, во првата половина од декември во Собранието треба да биде донесен новиот закон за спречување на корупцијата. По усвојувањето на законот и изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, антикорупционерите ќе имаат пристап до сите податоци што за функционерите ги има  УЈП, МВР, Фонд за пензиско, Катастарот, Берза, Народната банка и до сите банкарски сметки. Антикорупциска ќе ги следи  промените на имототите на функционерите и по завршувањето на нивниот мандат, ќе ги проверува сомнителните партиски вработувања и доделените грантови на блиски луѓе на политичарите. Дали овие измени…

Read More

Земјиштето спроти хотелот Холидеј ин е купено по багателна цена која е двојно пониска од пазарната. Фирмите Обновители- која припаѓа на МПЦ и на Зоран Антиќ, заедно со фирмата на Зоран Антиќ и неговата сопруга Тања- М.Г Фешн  платиле по 300 евра за квадрат за земјиштето. Но, според документ до кој дојде НОВА, ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен.  Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година. Од тогаш до денес логично е да се очекува цената на…

Read More

Со азилот што екс премиерот Груевски го доби од унгарските власти тој ги добива истите права како што ги имаат унгарските граѓани. Тој може да работи, да побара социјална помош ако му е потребна, а бегалците кои добиле азил имаат право и на семејно обединување, вели во интервју за НОВА Зоран Дранговски од Здружението на млади правници кое повеќе од 8 години застапува баратели на азил. Како азилант, Груевски единствено нема право  да формира партија или да служи воен рок. Со патната исправа која ќе му биде издадена како на лице кое е под заштита од Унгарија, ќе може да…

Read More