Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Кон крајот на наредната недела, пратениците повторно ќе гласаат за ратификација на Договорот со Грција, откако шефот на државата денеска изјави дека нема да го потпише указот за негово прогласување. Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски потсети дека по повторното гласање на Законот, претседателот е должен да го потпише согласно член 75 од Уставот. Ременски вели дека доколку претседателот одлучи да не го потпише и по вторпат Договорот, тој свесно го крши Уставот и ќе го наруши правниот и политичкиот систем во државата, и сериозно се меша во надлежностите на Законодавниот дом, за кој, како што рече, нема право. -Поради сето…
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во вчерашното гостување на „Топ тема“ рече дека за да биде успешен референдумот, цензусот е многу висок, особено кога опозицијата се уште има дилеми за својот правец на дејствување. Тој најави дека во претстојниот период ќе следуваат консултации за ова прашање. Сите ние и Владата и опозицијата мора да ја преземеме одговорноста, зашто граѓаните „без да има натпревар или избори“ тешко излегуваат на гласање, порача Димитров кој потсети дека веќе е намален цензусот за избор на Претседател на државата. Во 2008 година сите политички партии се согласија и ја намалија излезноста за избор на…
https://www.youtube.com/watch?v=Kg9b1EH7VhI Сите присутни 69 пратеници гласаа „за“ ратификација на Договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името. Премиерот Заев пред самото гласање се обрати пред пратениците и соопшти дека Североатлантскиот совет донел политичка одлука, поканата за НАТО за Македонија да биде ставена на дневен ред на самитот. https://www.youtube.com/watch?v=UvLTZndPo9Y Тој на крајот им се заблагодари на сите граѓани, на помалите етнички групи за поддршката, како и на министрите кои биле вклучени во целиот преговарачки процес. Заев им се заблагодари на на опозицијата и претседателот на државата, кои како што рече биле во овој процес. На крајот, се заблагодари и…
Премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната седница на која се расправа за Предлог законот за ратификација на Договорот со Грција, ги повика пратениците да го ратификуваат Договорот за кој потоа ќе гласаат и граѓаните на рефрендум. -Потпишавме договор со кој се означува почеток на крајот на неизвесноста и на трауматичен период со кој постигнавме достоинствено решение на двете страни . Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови, кажа Заев. https://www.youtube.com/watch?v=ETtwTbhtOms Заев во воведното обраќање ги повика и пратениците и граѓаните „да ги отфрлиме ѕидовите на ксенофобија и изолираност и…
Опозицијата не беше на седницата на Комисијата за европски прашања, но Димитров упати и порака до нив.
Предлог законот ја мина комисиската расправа и утре во 11 часот ќе се најде на пленарна седница
Пратеникот од владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ гласаше против Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија да се донесе по скратена потапка. Мухиќ гласаше за дневниот ред на седницата. Во изјава за НОВА ТВ, Мухиќ потврди дека гласал против . „Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“, кажа Мухиќ за НОВА ТВ. На прашање дали ќе гласа против и за ратификација на Договорот, рече „ќе видиме“. За Договорот да се носи по скратена постапка, гласаа 69 пратеници од власат, а 40 беа против. Пратениката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти…
https://www.youtube.com/watch?v=-iaAUmg6Xpg Пратениците со 69 гласови ЗА изгласаа Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција да се гласа по скратена постапка. Четириесет пратеници беа против. Предлогот го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров кој рече дека ратификацијата во македонското Собрание треба да се случи пред Европскиот совет кој на крајот на месецот ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори. Во текот на неговиот говор пратениците до ВМРО ДПМНЕ од своите места извикуваа „предавник“. По гласањето за да се усвои скратената постапка за донесување на предлог законот, тие почнаа и да удираат со рацете по собранискитге…
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието и нема да учествува во дебатата за ратификација на Предлог – законот на Договорот меѓу Грција и Македонија. Постапката со која се предлага Договорот да биде ратификуван е спротивен на Уставот и Деловникот и партијата одлучи да не учествува во носењето на вакви штетни договори, кажа Антонио Милошоски на прес конференцијата во Собранието. -Со овој Договор, Владата се откажува од сите успеси и напори постигнати од 91 до денес што беше крунисано со признавање од 140 земји на уставното име, меѓу кои и Америка, Канада, Русија, Кина.., рече Милошоски. Тој…
За 15 часот е закажана седница на Комисијата за европски прашања
Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција по скратена постапка. Пратениците утре треба да ја изгласаат потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација, по што за Спогодбата ќе се отвори дебата во Комисијата за европски прашања . Поради европското знаменце на текстот на Предлог – законот се ограничува и времетраењето на дискусиите на Комисијата за европски прашања на три дена. По дебатата во оваа собраниската комисија, за Договорот се гласа и на пленарна седница. За да се ратификува, потребно е мнозинство од 61 пратеник.…
Законот за ратификација на Договорот со Грција е испратен со европско знаменце во Собранието, што значи дека надлежна комисија на која ќе се разгледува текстот на Договорот е Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби. Исто така кога текстот на Законот е со европско знаменце се кратат роковите и дискусиите се ограничени на три дена. По дебатата во собраниската комисија за европски прашања, за Договорот се гласа и на пленарна седница. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика реагира на ваквата одлуката на Владата. „Ратификациите се законска надлежност на Комисијата за…