Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Судскиот совет го достави Извештајот за работата на судиите до Собранието. Во време кога првиот човек на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска јавно укажа дека „законите не важат подеднакво за граѓаните и за избраните функционери“, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски наведе дека судиите не одредуваат притвор за тешки кривични дела, Судскиот совет ги оцени судиите со 4. Со вонредното оценување се опфатени 34 судии од кои 32 биле оценети со „многу добар“, а само двајца со „добар“. Меѓу оценуваните судии се и кандидати за претседатели на Апелациониот суд во Скопје и на Основниот суд во Дебар и…
ЛДП ќе иницира закон со кој ќе се регулира употребата на канабисот во рекреативни и медицински цели. Таа појава постои и не можеме ние да го игнорираме, туку треба да се регулира, кажа Јулијана Николова пратеничка од ЛДП. Таа додаде дека имале консултации со здружението „Билка“ дали да се предложи декриминализација или легализација и очекуваат многу скоро овој предлог закон да се најде во Собрание. -Сите истражувања покажуваат дека секаде каде што се користи, се намалува употребата на тешки дроги. Со регулирање на продажбата и купувањето нема да има улични препродавачи и нема да има криминални дејствија, туку ќе се…
Во изминатиот период МРТ, и покрај големиот долг, исплаќала милионски суми за сомнителни договори за копродукции и за бонуси на одредени вработени
Нема поместување во позициите на работните партиски групи за СЈО – кажа министерката за правда Рената Дескоска, по средбата во Министерството за правда со преговарачот од ВМРО ДПМНЕ Тони Мекиноски. На средбата, ВМРО ДПМНЕ побарале да се запрат сите постапки кои СЈО ги покрена 18 месеци по формирањето на Обвинителството, а доказите за овие случаи да се уништат. „Разговаравме за членот 105 кој што е всушност и клучната пречка во донесувањето на Законот, а тоа е околу продолжување на постапките и користењето на доказите собрани во текот на постапките. Црвената линија која не смее да се премине се однесува за…
Интерпол одбива да распише меѓународна потерница за екс премиерот Никола Груевски – кажа денеска Вилма Русковска, шеф на Обвинителството за организиран криминал. Барањето преку МВР, таа го испратила уште пред два месеца, но од таму им било одговорено дека потерницата нема да биде објавена. „За предметот што го водам за организаторите на настаните од 27 април побарав преку полиција да се издаде домашна и меѓународна потерница, но последните информации од Интерпол на Македонија ми се дека седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата“, кажа Рускоска. На прашање дали одбивањето за потерница е поради азилот, Рускоска кажа дека од Интерпол…
Блиски роднини на поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ се вработувале во државни фирми на наместени огласи кои требало да одговораат на квалификациите на нивните татковци, браќа, ќерки, сестри и братучеди – утврди денеска Антикорупциската комисија која разгледа 9 вакви случаи по допрен глас. Во речиси сите случаи, директорите на државните фирми го искористиле своето дискреционо право да ги вработат токму блиските роднини на функционерите од сите пријавени кандидати. Евидентен пример на непотизам е вработувањето на таткото на актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, Љубен, во Центарот за управување со кризи. На огласот кој бил објавен за време на…
Антикорупциска отвора два предмети за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Комисијата ќе проверува како Мицкоски стигнал до државно земјиште од 33 илјади метри квадратни и како добил концесии за изградба на хидроцентрали. Предметите се отвораат по допрен глас, откако вчера портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес конференција побара од Антикорупциска да ја испита сопственоста на хидроцентралата во која како што рече свој удел имаат Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО‐ДПМНЕ Димитар Димовски. Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година, за едно со Димитар Димовски, тогаш висок функционер…
За Мицкоски ќе се проверува и дали имало прекршување на законите кога тој бил директор на ЕЛЕМ, а истовремено и надворешен советник на тогашниот премиер Никола Груевски
Антикорупциска утврди дека кај шест од вкупно 18 случаи на вработувања на блиски роднини на функционери имало измени на актите за вработувања и тие не одговaрале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен. Еден од таквите примери е вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор, во ЕЛЕМ. Антикорупциска утврди дека иако во Правилникот на ЕЛЕМ се барало од нововработените да имаат двегодишно работно искуство, овој услов го немало во огласот на кој се пријавил синот на пратеничката. Исто така, во систематизацијата на ЕЛЕМ не постоело работното место на кое бил вработен…
Анткорупциската комисија едногласно одлучи да поднесе две прекршочни пријави против претседателот во заминување Ѓорге Иванов. Првата прекрошна пријава е затоа што тој незаконски и во време на предизборие го унапредил старешината Васил Ѓурчиновски во мајор. Комисијата се обратила до Министерството за одбрана и оттаму им било одговорено дека Иванов не побарал и не добил согласност од нив за унапредувањето на Ѓурчиновски. Без одобрение од Министерството за одбрана Претседтелот нема право да унапредува старешини во мајори. Исто така, Антикорупциска утврди дека ова унапредување било сторено кога претседателските избори веќе биле распишани. Втората прекршочна пријава е затоа што Иванов го именувал бригадниот…
Антикорупциската комисија денеска прифати три приговори поднесени од ВМРО ДПМНЕ за прекршување на изборниот законик и еден приговор отфрли како неоснован. Антикорупциската комисија ќе поднесе прекрошна пријава против раководните лица во Агенцијата за финаниска подршка на земјоделскиот и руралниот развој затоа што исплатила 7,5 милиони денари на повеќе од 2000 лозари за откуп на винското грозје за 2014, 2015 и за 2016 година. Овој долг винариите „Повардарие“ и „Стефанс“ не можеле да го исплатат затоа што отишле во стечај, но сепак Антикорупционерите утврдија дека не се работи за редовни исплати и одлучија дека со исплатата е прекршен изборниот законик и…
Без цензус во вториот круг, влегуваме во политичка криза, рече премиерот Зоран Заев и додаде дека очекува граѓаните да излезат на гласање и да не дозволат државата да влезе во неизвесност. Во интервју за ТВ21, Заев кажа дека меѓу гласањето на референдумот и на изборите има разлика и очекува дека цензусот ќе се постигне. Во другиот случај има неколку опции – да се организираат нови избори, да се намали цензусот за избор на претседател или да се смени начинот на избор на претседателот. „Јас мислам дека ќе успееме. Еве и во најлошите сценарија, доколку некои наши големи политички актери одлучат…