Author: НОВА ТВ Mitreska

Крајно некритичниот однос на Владата кон раководствата на партиите што ја поддржуваат, кога станува збор за кадровскиот потенцијал, без сомнение, широко и ја отвара вратата на партократијата, наместо на демократијата. Горан Мисовски е пратеник во Собранието, а Владата е со тенко мнозинство и евентуален конфликт со него би бил на штета на Владата, порачува Тито Петковски кој 17 години го водеше кормилото на НСДП, партија која неодамна избра ново раководство и нов претседател Горан Мисовски. Реакцијата на долгогодишниот лидер на НСДП Петковски е поради разрешување на Кристијан Трајковски кој од 2017 година беше директор на Јавното претпријатие со станбен и…

Read More

Нема епитет кој не ми го спомнавте на лична основа. Ако мислите дека треба на такво ниво да се спуштиме, јас нема да дозволам. Да се погледне во огледало секој што ќе стане да го обвинува другиот, рече собранискиот претседател Талат Џафери во своето обраќање пред пратениците за интерпелацијата што ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Секој сам да се преиспита што е што во нештата, кога ќе се спорат фактите и аргументите. Нема да дозволам да се узурпира Собранието. Нема да дозволам да се вратат сликите од 27 април. Јас не ги отворив вратите да ги загрозам животите на луѓето,…

Read More

Ако не бидат изгласени измените на Законот за работни односи ќе им заврши работниот век на судиите и обвинителите кои се пред пензионирање, изјави министерот за правда Никола Тупанчески кој рече дека не може да каже како ќе се одвиваат работите во Собранието и кога ќе продолжи седницата што вчера беше прекината, но дека е извесно дека тоа нема да се случи денеска затоа што пратениците ќе расправаат за интерпелацијата на собранискиот претседател Талат Џафери. – Последното што го слушнав е дека седницата е прекината. Прекината седница не значи завршена седница. Не знам како ќе се одвива денешниот ден, нели…

Read More

Во Собранието денеска продолжи 39-тата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка.  Седницата ја водеше заменик-претседателот на Комисијата, Арта Биљали Зендели, која информира дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието за овој Предлог-закон се поднесени 388 амандмани од овластени предлагачи. Пред претресот по амандамните, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден и додаде дека не се дозволува дискусија за нивното барање…

Read More

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ на МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје. Кацарска зборуваше за потребата од воведување на уставна тужба како нов инструмент за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд. Таа порача дека улогата на Уставниот суд како гарант и заштитник на слободите, може единствено и целосно да се оствари ако се воведе нов инструмент – уставна тужба со амандманска интервенција во членот 110 алинеја 3 од Уставот со што ќе биде до крај остварена намерата на…

Read More

При претрес во затворските простории во штипскиот затвор пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23.500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи. Министерството за правда и МВР информира дека денеска била спроведена акција во штипскиот затвор во период од 6 до 9 часот, а организирана од Управата за извршување санкции, МВР и ЈО. Според МВР, извршени се претреси во 11 ќелии во различни одделенија во КПД Штип кај 39 осудени лица кои се на издржување казна затвор. При претресите се пронајдени и одземени грутчеста материја, предмети…

Read More

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири. На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери. – Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се…

Read More

И денешниот обид да се усвои дневниот ред на Комисијата за европски прашања, како продолжение на вчерашната седница на оваа Комисија, повторно измина во 30-минутна тензична атмосфера. Со Комисијата претседаваше заменичката на претседателот Арта Биљали Зендели, откако претседателот Арбр Адеми вчера предизвика инцидент фрлајќи со предмети по опозициските пратеници.

Read More

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе пред Министерството за труд и социјална политика за да го изрази незадоволството од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2. 806 денари. -Денеска и се обраќаме на министерката да ги земе работите во свои раце, нас ни требаат фамилиите нас ни треба одмор, и ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние тоа право да го уживаме. Ова докажува дека 2. 806 денари во моментот поради зголемената ангажираност…

Read More

Пратениците од владејачкото мнозинство го осудија инцидентот во Собранието и ги повикаа своите колеги од опозицијата да ги смират страстите за да не дојде до поголеми инциденти во законодавниот дом по вчерашните сцени на насилство на седницата на Комисијата за европски прашања, што ја предводи Арбр Адеми, пратеник од ДУИ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, бара за случајот истрага да отвори Јавното обвинителство и да му се одземе имунитетот на Адеми за да може да му се суди за кривично дело. Адеми, според видео материјалот од вчерашната седница кој стана достапен до јавноста откако пратеникот Мите Лефков го објави на социјалните мрежи,…

Read More

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска донесе одлука да го одложи протестот што беше најавен за 30 јуни бидејќи добиле одговор од Владата  дека за нивните барања ќе разговараат со надлежните министерства. – Ве информираме дека од Владата на РСМ добивме одговор на нашите барања за потпишување колективен договор и покачување на платите со кој се задолжуваат министерствата за образование и наука и за финансии за разговори во врска со нашите барања, и покрај тоа што основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е Собранието, со кое Синдикатот водеше преговори и го усогласи во целост нормативниот…

Read More

Европската унија ќе ги трпи последиците од нејзиниот недостиг на единство во однос на Западен Балкан, изјави Алекс Ципрас, поранешен грчки премиер и лидер на левичарската партија Сириза, пренесува „Еурактив“. Според него, неуспехoт на ЕУ да им одобри на Албанија и на Македонија отворање формални преговори , е уште еден пример за неспособноста на Европската унија како целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. – И мислам дека ЕУ веќе плати и ќе плаќа за тоа во иднина. Северна Македонија е кандидат ​веќе 17 години, а Албанија е со таков статус од пред осум години. Одлуката на Самитот на…

Read More