Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикалците бараат да се врати К-15 за администрацијата, поголеми плати и одмор во недела

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2022 13:30

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе пред Министерството за труд и социјална политика за да го изрази незадоволството од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2. 806 денари.

-Денеска и се обраќаме на министерката да ги земе работите во свои раце, нас ни требаат фамилиите нас ни треба одмор, и ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние тоа право да го уживаме. Ова докажува дека 2. 806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за трговија се неопходни сега веднаш, затоа министерке ви се обраќаме уште утре во Владата да го поддржите предлогот за линеарно зголемување за сите работници како и враќање на изгубеното право регрес во јавниот сектор, порача претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој се повика на Законот за туризам, порачувајќи дека мора да се има предвид дека постојат ограничувања каде смее да се работи и во секторот туризам.

– Во Законот има поделба, се дели на езерски, планински, рурален и алтернативен туризам, Скопје како туристичка дестинација, стари чаршии и туристички атракции. Мора да знаеме дека не можат да работат сите, туку напротив, во него убаво пишува, тие кои ќе сакаат да не ангажираат, да си го прочитаат Законот за туризам и да знаат дека има ограничувања каде смее да се работи, изјави Димовски.

Пред Министерството излезе и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со цел да ја изрази отвореноста за остварување средба со Сојузот на синдикати на Македонија.

 

Таа потенцира дека цврсто стои зад правата на работниците и квалитетот на живот на сите работници.

– Ветувам дека како Министерство и како Влада цврсто стоиме зад социјалниот дијалог, најдобрите решенија треба да ги донесеме низ дијалог заедно со синдикатите бидејќи тоа е единствениот начин на кој треба да се бориме за правата на работниците. Ветивме дека ќе има подобрување на работничките права, ветивме дека ќе го започнеме социјалниот дијалог за носење на нов општ колективен договор и дека еднаш засегокаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе  дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.

Таа Додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи, и ги повика синдикалните претставници на средба.

  • Ќе продолжиме заедно со вицепремиерот Битиќи и со министерите вклучени во социјалниот дијалог, и ќе продолжиме понатаму се додека не дојдеме до заедничко решение, појасни министерката.

Таа истакна дека нејзина цел е воспоставување систем на плати кој ќе гарантира постојано зголемување на платите на работниците во јавниот сектор.

– Ад хок решенија, популистички мерки, не носат трајно решавање на проблемот. Како министерка за труд и социјална политика сум насочена на систем кој ќе функционира и нема да зависи ниту од волјата на ниту еден систем или Владата, туку ќе биде воспоставен систем кој ќе дава трајно решавање на проблемот со платите во јавниот сектор. Само така можеме да зборуваме за вистинска посветеност на работниците, се друго е популистичко решение кое само во моментот ќе даде решение, подвлече Тренчевска.

Димовски од друга страна и порача на министерката дека моменталните плати со кои како што рече „не се преживува“ не се решение во никој случај.

– Моментално решение со овие плати со кои не можеме да преживееме немаме. Затоа барам да не разбере министерката дека овие плати во моментот не ни се решение и не можеме да чекаме. Нас ни беше ветено 2 806 денари како едно, еве нека биде и ад хок решение, кое во моментот ќе ги амортизира овие ценовни шокови и оваа двоцифрена инфлација. Спремни сме за реформи, спремни сме за нова методологија, но платите мора да пораснат за 2 806 денари во износ, бидејќи времето не е на наша страна, ама не е ни на страна на Владата, бидејќи во септември согласно Законот за минимална плата треба истите да пораснат за 18,4 проценти, рече Димовски.

Оцени дека решението на нивните барањата може да се постигне многу лесно и тоа само со еден потпис.

-Ако е спремна Владата и не поддржува министерката како што вели за едно трајно решение, значи кажете ни во септември ќе ги покачиме платите согласно законот за 18,4 отсто за ние да знаеме како и што да правиме до септември и ќе им бидеме благодарни за тоа покачување од 18,4 проценти согласно законот. Доколку тоа го нема, решение немаме во моментот и бараме 2 806 денари, бараме враќање на регрес за јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата и потпишување на општиот колективен договор. Проблемите се тие, се решаваат буквално за една минута со ставање на потпис мој и на министерката за труд и социјална политика, заклучи Димовски.

Министерката изрази надеж дека до септември ќе се изнајде заедничко решение со Синдикатот.

-Се надевам дека до септември ќе изнајдеме решение, ќе потпишеме општ колективен договор и ќе започнеме со процесот за подготовка на плата и нема да има потреба за вакви чекори од страна на Синдикатот. Меѓутоа, треба да го погледнеме и добро и Синдикатот и останатите, да ја погледнеме законската регулатива што вели во однос на Законот за минимална плата и усогласувањето на останатите плати, изјави министерката Тренчевска.

протест регрес Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.